четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 178
home Храна и пијалаци

Готов за 7 минути: Рецепт за совршен домашен чипс од сирење

Готов за 7 минути: Рецепт за совршен домашен чипс од сирење

Сè што ни е потребно за овој домашен чипс е сирење, но сепак може да си поиграте и со вашите омилени зачини како и сецкан зеленчук.
Домашниот чипс од сирење е едно од генијалните јадења за кое што не ви се потребни моногу состојки, а најголем проблем во целата приказна е како да запрете да јадете кога еднаш ќе пробате од овој чипс.

Чипсот од сирење е фантастичен додаток во супите, особено за оние кремастите на кои што им дава повеќе вкус.

Доколку сте доволно храбри, можете оваа комбинација да ја пробате и со горко чоколадо.

Состојки:

– 1 шолја пармезан;
– 1 шолја рендана гауда;
– 1/2 лажица чили;
 1 лажица власец.

Подготовка:

1. На плех обложен со хартија за печење распоредете ги тенките слоеви изрендано сирење во кругови, па ставете зачин над нив.

2. Печете во рерна на 200 степени околу 5 минути, односно додека сирењето не се растопи и запече.

3. Извадете од рерна и оставете да се изладат, па одвојте го чипсот од хартијата.

Совет: Чипсот може да го испечете и во тава без масло за јадење.

извор: точка.мк

Коронавирус