петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 9
home Храна и пијалаци

Го нарекуваат “течна магија“: Еве зошто сокот од целер е вистински избор

Го нарекуваат “течна магија“: Еве зошто сокот од целер е вистински избор

Сокот од целер е несомнено еден од најголемите трендови кога исхранатa e во прашање.

Многумина велат дека чистиот сок е како ”течна магија” и дека има многу здравствени придобивки.

Па, каков е тој сок и што може да направи за нашето тело кога редовно се консумира?

Иако содржи богатство од витамини А, Ц, калиум, калциум и многу други елементи, процесот на цедење ги отстранува влакната што се неопходни за нашата исхрана – како што е случајот со другите овошја и зеленчук.

Меѓутоа, поради високата количина на антиоксиданти, целерот направен како сок може да ги отстрани слободните радикали, да го намали ризикот од карцином и други болести како што се кардиоваскуларни, заболувања на црниот дроб и гихт. Исто така, го намалува високиот притисок и нивото на шеќер во крвта, а за семето на целерот се вели дека ги намалуваат кожните болести како што е псоријаза.

Треба да се запомни дека секоја личност е различна и дека сокот може да влијае на некој повеќе, а на некој помалку.

Се согласуваме дека треба да го конзумирате од време на време, а ако одлучите секој ден да го пиете овој сок, ни тоа не е лошо.

Коронавирус