недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home Храна и пијалаци

Ги сметате за здрави, a можат да бидат опасни: 5 намирници кои се штетни ако ги јадете претерано

Ги сметате за здрави, a можат да бидат опасни: 5 намирници кои се штетни ако ги јадете претерано

Општо е познато дека постои таканаречена супер храна за која се смета дека е исклучиво здрава за внесување во организмот.

Терминот „супер храна“ првпат беше употребен за промовирање на здравствените придобивки од конзумирање банани во почетокот на дваесеттиот век.

Зборот супер храна се користи за да се опише секоја храна што има многу здравствени придобивки, особено онаа што содржи многу хранливи материи и малку калории.

Иако има многу придобивки од консумирањето суперхрана, прејадувањето во ваква храна може да биде исто опасно како и пребрзото, нездраво јадење.

Ова се некои од „суперхраната“ кои во никој случај не треба да се јадат во прекумерни количини.

Брокула
Чаша сурова брокула содржи само 31 калорија, 6 грама јаглени хидрати и 0,3 грама маснотии. Богатa е со растителни влакна, протеини, витамин Ц, калиум и други витамини и минерали. Сепак, истражувањата покажаа дека внесувањето премногу брокула може да предизвика иритација на цревата. Исто така, консумирањето на оваа храна со висока содржина на витамин К може да има негативно влијание врз луѓето кои земаат лекови за разредување на крвта и лекување на срцеви проблеми.

Лосос
Лососот е добар извор на протеини со малку маснотии и омега-3 масни киселини кои се корисни за намалување на воспалителните процеси во телото. Но, прекумерната потрошувачка на омега-3 може негативно да влијае на бројот на тромбоцити во крвта, а исто така може да ја разреди крвта. Покрај тоа, студиите откриле дека диетата што вклучува премногу риби, па дури и лосос може да го зголеми нивото на жива во крвта.

Цимет
Циметот се смета за суперхрана поради високата содржина на антиоксиданти и многу лековити својства. Се припишува на пониски нивоа на шеќер во крвта, воспаленија и спречување на срцеви заболувања, поради што ја освои титулата една од најдобрите супер храна во семејството на зачини. И покрај сите здравствени придобивки што ги има, количината цимет што ја внесуваме мора да застане на една кафена лажичка на ден за возрасни. Истражувањата покажаа дека премногу цимет може да биде отровен поради кумаринот што го содржи. Кумаринот е особено опасен за луѓето кои имаат здравствени проблеми со црниот дроб, а прекумерното внесување на овој зачин може да го оштети црниот дроб.

Авокадо
Во последниве години, авокадото се здоби со глобална популарност како супер храна заради изобилството на хранливи својства. Една порција авокадо компензира за четвртина од потребата за витамин К кај возрасните, петтина од потребата за фолати и една десетина од дневната потреба за витамин Е. Богато е и со омега-3 и растителни влакна, но поголеми количини на авокадо може да доведат до воспаление, надуеност и стомачни проблеми. Ако планирате да вклучите авокадо во вашата дневна исхрана, експертите препорачуваат 50 грама на ден, што е приближно од една третина до една половина од едно авокадо.

Зелен чај
Поради својата висока содржина на антиоксиданси, зелениот чај е обележан како еден од најздравите пијалоци во светот. Откриено е дека антиоксидансите во зелениот чај го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања, согоруваат маснотии и ја подобруваат функцијата на мозокот. Иако има безброј придобивки од овој чај, прекумерната потрошувачка може да предизвика негативни ефекти, особено поради високата содржина на кофеин. Ефектите од премногу консумирање кофеин вклучуваат несоница, главоболки, палпитации и гадење. Според експертите, 3 до 5 чаши зелен чај на ден е повеќе од доволно за просечен возрасен човек.

ЕУРО 2020

Македонија