четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 127
home Храна и пијалаци

Фина крем супа од пиперка која ќе ги разбуди вашите сетила!

Фина крем супа од пиперка која ќе ги разбуди вашите сетила!

Секој сака густи кремасти супи, а супата од црвена пиперка изненадувачки оживува кога на неа се додаваат кисела павлака и чили. Ако сте подготвени за некои нови вкусови, пробајте го овој рецепт.

Состојки:

10 црвени пиперки, печени и излупени
чаша сок од домати
мала главица кромид
2-3 чешниња лук
моркови
2 средни компири
сол, бибер
коријандер
морско оревче
лута пиперка во прав или чили во прав

За декорација:

кисела павлака
сирење
магдонос

Подготовка:

Кромидот и лукот и морковот ситно исечкајте ги и пржете ги на малку масло. Пиперките грубо исечкајте ги, како и излупениот компир и додадете ги во пржениот зеленчук. Додадете сок од домати и 2 чаши топла вода. Доколку е потребно, додадете повеќе вода или заменете ја со супа од зеленчук. Кога компирот ќе се свари, зачинете ја супата, изгмечете ја и послужете со малку сирење, грубо исечкан магдонос и лажица кисела или неутрална павлака за готвење.

Коронавирус