сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 36
home Храна и пијалаци

Еве зошто бананата не е добар избор за појадок

Еве зошто бананата не е добар избор за појадок

Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави или влоши денот. Тогаш најважно е да ги изберете вистинските намирници за почеток на денот, а според советите на нутриционистите, тоа треба да бидат намирници кои ќе не одржуваат сити до следниот оброк.

Сепак, иако сите ние често консумираме банани за појадок бидејќи се слатки, хранливи и се одличен избор во комбинација со житарки и овесни снегулки, нутриционистите сметаат дека жолтото тропско овошје не е најдобриот избор за почеток на денот.

Според нутриционистите, тие припаѓаат на умерено кисела храна и содржат 25 проценти шеќер, па затоа не е добро да се јадат сами за првиот оброк. Вистина е дека даваат енергија, но не толку многу што нивните хранливи ефекти би ве одржувале сити во текот на денот. Подобро е да ги консумирате за ужина.

Бидејќи припаѓаат на групата кисела храна, киселината треба да се неутрализира за да се извлече – магнезиум, калиум, влакна, а не само шеќер.

Нутриционистите советуваат комбинирање на банани со храна која има здрави масти како на пр. авокадо.

Коронавирус