Храна и Пијалаци препораки на лекар

Еве ја препорачаната количина слатки дневно

Високото ниво на шеќер го нарушува и балансот на хормоните, па може да добиете акни исто како што сте во пубертет.

Еве ја препорачаната количина слатки дневно

Многумина од нас јадат многу, многу повеќе шеќер отколку што препорачуваат лекарите.

Идеалната доза е само 25 грама (5 лажички) за жени и 35 грама (7 лажички) за мажи, а барем еден од следните симптоми може да биде знак дека претерувате со слатките.

Драматичните промени во расположението можат да бидат предизвикани од големите варијации на гликозата во крвта – запомнете колку можете да бидете лути кога сте гладни! Високото ниво на шеќер го нарушува и балансот на хормоните, па може да добиете акни исто како што сте во пубертет.

Зголемувањето и падот на шеќерот во крвта доведува и до мигрена, а доколку шеќерот постојано влегува во телото во зголемени количини, сигурно ќе се здебелите дури и ако редовно вежбате.

Ако страдате од некој од горенаведените проблеми, обидете се да го намалите дневниот внес на шеќер и да следите како се подобрува вашето здравје.

Така ќе се ослободите и од вишокот килограми, бидејќи кога нема брза „шеќерна“ енергија, телото ќе посегне по тоа во масните наслаги.

To top