петок, 29. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Храна и пијалаци

Едноставна вечера: Одличен рецепт за пилешка салата

Едноставна вечера: Одличен рецепт за пилешка салата

Оваа салата може да ја искористите и како замена за руска салата на вашите прослави, но е одлична за појадок или вкусна вечера.

Потребни состојки:

150 грама варено пилешко месо
100 грама динстани шампињони
100 грама варен ориз
сол
200 грама павлака
семе од сончоглед
мелен лен
мелен сусам

Вареното пилешко ситно исецкајте го, а динстаните шампињони исецкајте ги на листови. Измешајте го месото, оризот, шампињоните, посолете, додадете ја павлаката и се’ убаво соединете.

На крај зачинете со сончоглед, лен, сусам или семе по ваш вкус.

Коронавирус