понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 81
home Храна и пијалаци

Едноставен и лесен колач со јаболка: Вкусот е совршен

Едноставен и лесен колач со јаболка: Вкусот е совршен

Колачот со јаболка е еден од омилените десерти на многу луѓе, а неговата припрема никогаш не била полесна.

Потребни состојки:
*мерката е шолја од 1 децилитар

– 3 јајца
– 5 шолји шеќер
– 3 шолји масло
– 7 шолји брашно
– 1 шолја мелени ореви или лешници
– 1 кесичка сода бикарбона
– 4 поголеми јаболка (околу 480 гр.)
– 2 лажички цимет или ванилин шеќер
– 4 лажици џем од кајсија, слива или по ваш избор

За премачкување:

– 5 лажици џем
– 1 шолја мелени ореви или лешници

Начин на припрема:
1. Одвојте ги белките и жолчките. Во белките додајте прстофат сол, па изматете ги.

2. Потоа, постепено додавајте шеќер и продолжете со матење.

3. Во цврстиот снег додавајте ги жолчките една по една, постојано матејќи.

4. Излупете ги и изрендајте ги јаболката, додајте им цимет и промешајте.

5. Јаболката додајте ги во смесата со белки, промешајте, па додајте ги оревите, маслото, џемот и постепено додавајте просеано брашно.

6. По секое додавање брашно, промешајте.

7. На крај, додајте сода бикарбона и соединете ја целата смеса.

8. Тепсија со димензии 36х27 цм. премачкајте ја со масло и посипете ја со брашно, па истурете ја смесата во неа.

9. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 15 минути, а потоа уште 35 минути на 150 Целзиусови степени.

10. Топлиот колач премачкајте го со џем и наросете го со ореви.

ЕУРО 2020

Македонија