вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 66
home Храна и пијалаци

Две шолји кафе на ден го превенираат штетното дејство на алкохолот

Две шолји кафе на ден го превенираат штетното дејство на алкохолот

За да си помогнете и да го зачувате црниот дроб од неговите штетни влијанија, стручњаците велат: пијте кафе, пренесува порталот Steth News.

Новото истраување спроведено во Велика Британија покажало како може да се отстрани штетното влијание на алкохолот врз црниот дроб со пиење на најсаканиот напиток на многу луѓе – кафе, и тоа по две шолји на ден.

Според едно претходно истраување кое анализирало 10 студии кои вклучувале повеќе од 430 илјади испитаници, оние кои пиеле по 2 шолји кафе на ден имале 44 отсто помал ризик да заболат од цироза на црниот дроб.

Милиони луѓе од целиот свет умираат од оваа болест секоја година, а покрај претераното консумирање на алкохол, ја предизвикува и:

Замастен црн дроб (често се поврзува со дебелината и дијабетесот)

Автоимуни болести

Инфекции со хепатитис

Она што е загрижувачки е дека се уште нема лек за оваа болест. Според доктор Оливер Кенеди, професор на Универзитетот во Саутхемптон, кој бил главен водач на новото истражување, консумацијата на кафе има многу битна улога во намалувањето на ризикот од развивање на цироза на црниот дроб.

Кафето е ефтино, лесно достапно и на повеќето луѓе не им предизвикува тегоби. На многумина им е омилен напиток, па е најдобар алат за лекување на црниот дроб.

Новото истражување вклучувало 2000 заболени од цироза на црниот дроб, поделени во две групи. Резултатите покажале дека една шолја кафе дневно го намалува ризикот од цироза за 22 отсто, додека две шолји дури за 43 отсто, три за 57 отсто, а четири шолји кафе на ден го намалуваат ризикот за огромни 67 отсто.

Резултатите ги споредиле со оние на испитаниците кои не пиеле кафе. Иако се ова навистина добри вести, мора да се земе предвид и видот на зрна од кои им се варело кафе на испитаниците, техниката на подготвување и животниот стил на самите испитаници.