вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 269
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Храна и пијалаци

Диета со кајсии: Ќе намалите килограми, но тоа не е најважното

Диета со кајсии: Ќе намалите килограми, но тоа не е најважното

Кајсиите ја стимулираат активната работа на нашиот имунитет, кој помага на телото ефикасно да се справи со патогените вируси и бактерии. Освен тоа, содржат растителни влакна кои ја регулираат дигестијата и го стимулираат метаболизмот.

Диетата со кајсии ви ја обезбедува  оптималната дневна доза витамин А, кој е задолжен за здравјето и добриот изглед на кожата, косата и ноктите. Кајсиите се исто така богати со калиум, па затоа и се препорачуваат за луѓе кои страдаат од анемија.

Диетата со кајсии истовремено е и тридневна детоксикација, а нутриционистите советуваат тоа да го правиме неколку пати во годината.

Еве како треба да изгледа тоа:

Бидејќи пред се намената на оваа диета е темелно чистење на организмот од натрупаните токсини, менито се сведува само на овошје, чај и зеленчук.

Потребно е да изедете од 8-10 кајсии дневно и да испиете 2 литри зелен чај кој се приготвува наутро, ќе додадете сок од 2-3 лимони во него и неколку лажички мед.

Чајот се пие во текот на денот. Кога ќе почуваствувате глад можете да си направите свежа сезонска салата со соја сос и една мала лажичка маслиново или друго растително масло.

Парламентарни избори 2020