недела, 22. јули 2018. Вести денес: 13
home Храна и пијалаци

Десертот по кој “одлепија“ сите: Ова е тајната на црниот сладолед

Десертот по кој “одлепија“ сите: Ова е тајната на црниот сладолед

Црната боја е веројатно единствената боја која досега не беше застапена помеѓу сладоледите. Затоа не е чуден податокот дека слаткарите долго ја криеле  тајната состојка од која тој се прави.

Сигурно многупати сте се нашле пред излог полн со шарени овошни и чоколадни вкусови, чекајќи  слаткарот да го наполни корнетот со вашиот омилен вкус. Веројатно многу пати сте биле неодлучни и сте се прашувале дали е вкусот толку убав како што е убава бојата, дали да пробам нешто ново или да си одберам проверена нијанса.

Но сигурно во таа палета од бои не сте имале можност да одбирате црн сладолед. Сега постои и тоа.

Црниот сладолед има мошне невообичаен состав – состојка која му ја дава бојата, но и феноменален вкус е всушност пепел од кокос. Тој се добива од лушпа на кокосовиот орев и велат дека има невообичаена, но многу пријатна арома.

Пепелта од кокос се добива со обработка на лушпа од кокосовиот орев на високи температури и така се добива оваа феноменална црна боја.