понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 122
home Храна и пијалаци

Десерт што нема да ви одземе многу време, а целото семејство ќе ужива во него: Пригответе брз колач со праски!

Десерт што нема да ви одземе многу време, а целото семејство ќе ужива во него: Пригответе брз колач со праски!

За приготвување на колачот наместо праски, можете да користите друг вид меко овошје

Состојки:
За кората:

250 г парчиња кекс
100 мл млеко
За филот:

300 г шлаг-крем
400 мл млеко
400 г кисела павлака
150 г мелен кекс
500 г праски

За посипување:
50 г мелен кекс

Приготвување:
Се зема подлабок плех, од 32 х 20 см. Парчињата кекс се макаат во млекото и со нив се прекрива дното на плехот, да се обликува кора.

Посебно се приготвува филот. Се мати шлаг-кремот со млекото, па се додава киселата павлака и се миксира.

Добиениот фил се дели на два дела, па во едниот дел се додава мелениот кекс и полека се меша со маталка, да се добие воедначена смеса. Во другиот дел не се додава ништо.

Преку подлогата од кекс се премачкува филот со мелениот кекс и се рамни со шпатула.

Праските се лупат и се чистат од коските, па се сечкаат на помали парчиња. Рамномерно се распоредуваат преку филот и нежно се втиснуваат.

Преку праските се нанесува белиот дел од филот и се рамни. Одозгора се посипува со мелен кекс. Се остава во фрижидер да се зацврсти, а потоа колачот се сечка на коцки во големина по желба.

Извор: Добра храна

Коронавирус