недела, 16. декември 2018. Вести денес: 50
home Храна и пијалаци

Дали е ова најдобрата диета на светот?

Дали е ова најдобрата диета на светот?

Дали некогаш сте слушнале за сканди сенс диета? „Daily Mail“ пишува дека едно од 50 лица во Скандинавија моментално ја држи оваа диета, а нејзиниот автор, мајка на пет деца, тврди дека за 10 месеци загубила 40 килограми.

Како функционира сканди сенс диетата?

Во оваа диета секој оброк се состои од четири порции, кои одговараат на величината на вашата рака, односно на тоа колку храна може да собере во неа.

Две од споменатите четири порции треба да изобилуваат со зеленчук – свеж или готвен.

Третата порција ја сочинуваат протеини, како јајца, риби или месо од живина, а во четвртата порција влегуваат јаглехидрати, што може да биде ориз, паста, интегрални житарици, па и овошје.

Во секој оброк е дозволено да додадете до три лажици масло, или намирници како авокадо, ореви или бадеми.

Ако сакате нешто за десерт, исклучете една порција јаглехидрати од оброкот, а ако за појадок не сакате да јадете порција јаглехидрати, заменете ја со порција овошје или протеини.

Значи, најважно е да се има добро балансиран оброк, а оваа диета можете да ја држите со недели, па дури и со месеци.

Во прилог прочитајте за некои од можните дневни комбинации:

Појадок: Две јајца, печени брокули и тост од интегрални житарици.

Ручек: Пилешки прсти, авокадо, печен сладок компир, готвени тиквички и пиперки.

Вечера: Лосос, ориз, морков и боранија.

Ако ви е тешко да се придржувате до овој режим, дозволено е да консумирате и здрава (не премногу калорична) ужина.

Причината поради која оваа диета е толку успешна е тоа што не е рестриктивна, како и поради тоа што е наменета за сите.