понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 27
home Храна и пијалаци

Да, можете да се здебелите “преку ноќ“, еве кои се причините за тоа

Да, можете да се здебелите “преку ноќ“, еве кои се причините за тоа

Наутро се качувате на вагата и сфаќате дека сте на вистинскиот пат. Следното утро имате уште еден или два килограми. Што се случува? Како е можно тоа?

Ова добро познато сценарио сигурно го доживеале барем еднаш сите што се обидуваат да ослабат. Иако е фрустрирачки, пред да започнете да лудувате и да размислувате за откажување – добро е да знаете зошто може да се случи ова.

Еве 10 причини зошто вагата може да покаже дека сте се здебелиле преку ноќ:

Вежбавте напорно претходниот ден

„По напорен тренинг, особено ако правите движења што активираат многу тешки мускулни групи, лесно е да добиете неколку килограми“, вели експертката Џорџи Фир.

Имено, кога вежбате, на мускулите може да се појават мали рани кои треба да заздрават. Овој процес вклучува акумулација на течност околу мускулните клетки, тоа не значи дека ваквите движења треба да се избегнуваат, туку дадете им време да се опорават и привремено заборавете на вагата.

Конзумиравте многу сол

Солта предизвикува акумулација на вода во телото. Дека ова е причина за зголемување на телесната тежина, најлесно се забележува преку отечени зглобови и надуен стомак. Имајте на ум дека зголемениот внес на сол може да доведе и до запек.

Јадете многу протеини и малку јаглехидрати

Влакната се клучни за правилно варење. Кога не јадете доволно растителни влакна, кои ги има во житарките, овошјето и некои зеленчуци, нормално е дека ќе забележите поголем број на вагата.

Дехидрирани сте

Кога дехидрирате, обично имате помалку тежина затоа што вашите мускули и ткиво се сушат. Но, недостатокот на вода ги принудува бубрезите да задржат течност, што ќе доведе до привремено зголемување на телесната тежина кога пиете вода.

Можеби не толерирате некоја храна

Нетолеранцијата кон млечни производи, фруктоза, јајца, морски плодови, глутен, вештачки засладувачи, соја и друга храна може да предизвика надуеност и да доведе до задржување на водата.

Вие сте во ПМС

Кај жените, зголемувањето на телесната тежина за време на ПМС е нормално. Предменструалната состојба има голем број на несакани ефекти, и ова е еден од нив.

Повторно почнавте да јадете тестенини

Многумина на диета избегнуваат тестенини, а кога повторно ќе почнете да ги јадете, телото ќе складира гликоген во мускулите и црниот дроб. Во комбинација со вода, ова може да доведе до надуеност.

Почнавте да земате нови лекови

Лековите како антихистаминици, инсулин и некои антидепресиви може да предизвикаат зголемување на телесната тежина. Кога конзумирате некои лекови, телото задржува вода, некои го намалуваат или зголемуваат апетитот или дури ја намалуваат ефикасноста на метаболизмот и го зголемуваат складирањето на маснотии.

Ако се сомневате дека лековите предизвикуваат нагло зголемување на телесната тежина, најдобро е да се консултирате со лекар за можна промена во терапијата.

Последниот оброк претходниот ден го изедовте подоцна од вообичаеното

Како што се приближува денот, телото е помалку веројатно да користи храна како гориво. Затоа, оброците доцна во ноќта треба да се избегнуваат и секогаш да се јадат во исто време.

Вие сте на ограничувачка диета

Ако се ограничите премногу, телото ќе се обиде да создаде резерви. Затоа се вели дека ваквите диети се контрапродуктивни. Поздраво е да се јаде сè, но во умерени количини.

Коронавирус