недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Храна и пијалаци

Цветот од багрем и храни и лекува

Цветот од багрем и храни и лекува

Цветот од багрем, кој го има во изобилство во ова време од годината, би требало да се зачува за зима. Се смета за најефективен во лечење на кашлица и ја намалува зголемената телесна температура.

Фитофармацевтите велат дека цветовите по берењето се сушат во сенка и на блага „промаја”. По сушењето би требало да се чуваат во добро затворени садови, за да не ја изгубат аромата.

Чајот од багремов цвет се користи и за ублажување на затворот, додека есенцијата од самиот цвет пронашла голема примена во хомеопатијата. Хомеопатите најчесто го препорачуваат за лечење на прекумерна секреција на хлороводородна киселина во желудникот, мигрена и болна невралгија на нервите на лицето.

Багремов мед е меѓу најценетите видови на мед. Со месеци останува во течна состојба и многу пополека се кристализира, затоа што содржи повеќе фруктоза од гликоза. Благ е и има пријатен вкус, лесно се вари, па се препорачува за деца и за оздравување на оние кои страдаат од слаб имунитет.

Багремовиот цвет може да ја надополни и трпезата. Варените семиња од багремовиот цвет може да го заменат гравот, додека пржените цвеќиња од багремот претставуваат вистински специјалитет.

Дневно три чаши

Чај од исушени цветови од багрем се подготвуваат на следниов начин: една полна лажица додате во 250 ml врела вода и оставете ја да отстои три минути. Пијте две или три чаши чај дневно. Во народната медицина чај од цвет од багрем се препорачува и за сузбивање на ревматска болка, забоболка, а ефикасно делува и во случај на жиговина, гастритис и чир на желудникот.