вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 129
home Храна и пијалаци

Често внесувате шеќер и јадете месо и колбаси? Доктор предупредува, еве зошто треба да намалите со оваа храна

Често внесувате шеќер и јадете месо и колбаси? Доктор предупредува, еве зошто треба да намалите со оваа храна

Средоземноморската исхрана влијае на благосостојбата на цревата со години. Нивното здравје директно зависи од храната што се внесува, па затоа и треба да се размислува за здраво јадење, советува германскиот лекар Томас Фрилинг.

Докторот советува дека нерафинираниот бел шеќер треба целосно да се исклучи од менито, бидејќи одредени бактерии, меѓу кои и клетки на рак, се размножуваат во „слатката“ средина. Следни што треба да бидат исклучени се соленото и чаденото месо и колбасите.

– Овие намирници содржат канцерогени материи, па затоа советувам да не консумирате повеќе од 500 грама црвено месо неделно, нагласи Фрилинг.

Листата на здрава храна која го продолжува животот на цревата е долга – на прво место се гравот и зеленчукот кои содржат растителни влакна и повеќе хранливи состојки. По нив следат бананите кои се богати со инулин, па рибата, овошјето, компирот и црниот леб. (МИА)

Коронавирус