вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Храна и пијалаци

Брзо и лесно: Торта со чоколаден пудинг

Брзо и лесно: Торта со чоколаден пудинг

Намирниците за оваа торта веројатно веќе ги имате дома. Издвојте малку време за да ги израдувате домашните.

Состојки:

4 јајца

175 гр. шеќер

4 лажици ладна вода

100 гр. брашно

100 гр. густин

3 лажици какао

½ прашок за пециво

За фил

½ литри млеко

1 пудинг од чоколадо

6 лажици шеќер

200 гр. чоколадо

250 гр. маргарин

Останато

Мармалад од кајсии

Рyм

150 гр. чоколадо

Начин на подготовка:

Пенливо изматете јајца, шеќер и вода. Измешајте ги брашното, густинот, какаото и прашокот и додајте ги во смесата со јајца. Внимателно промешајте и сипете во округло тавче со пречник од 26 сантиметри.

Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути.

Изладената кора исечете ја на 3 дела. Згответе го пудингот и додајте чоколадо. Мешајте додека чоколадото да се растопи, а кога ќе се излади смесата, додајте маргарин и изматете. На секоја кора додајте рум, премачкајте со мармалад и фил и наредете ги листовите еден над друг. Целата торта премачкајте ја со растопено чоколадо.

извор: kajgana.com

Коронавирус