четврток, 6. август 2020. Вести денес: 74
home Храна и пијалаци

Брзо и лесно: Палачинки од компир

Брзо и лесно: Палачинки од компир

Оваа вкусна солена варијанта на палачинки е идеална за појадок или вечера.

Потребни состојки:

200 г брашно

200 мл млеко

2 јајца

100 мл газирана вода

250 г сецкана шунка

2 чесни лук

Магдонос

Постапка:

Излупете ги компирите и изрендајте ги. Додадете ги брашното, млекото и шунката. Потоа додадете ги јајцата, посолете и зачинете. Додадете ги магдоносот и изгмечениот лук. Кога сето добро ќе го замесите додајте ја газираната вода.

Во тавчето ставете малку масло, а потоа сипете од смесата, исто како и за обични палачинки. Кога ќе се испече на едната страна, свртете ја палачинката на другата страна.

Палачинките со компири може да ги послужите со павлака, кисело млеко или со вашиот омилен домашен намаз.

Коронавирус