четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Храна и пијалаци

Брз ролат со праски: Лесен за правење, вкусен за јадење

Брз ролат со праски: Лесен за правење, вкусен за јадење

Брзо се прави, а е со неверојатен вкус. Еве како да си направите брз ролат со праски:

Потребно е:

5 поголеми јајца
100 гр шеќер
2 кесички бурбон ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон
130 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
30 мл масло
1 кг праски
1-2 лажици растопен путер

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките и оставете ги да стојат на собна температура.

Изматете ги белките во цврст шлаг со постепено додавање на шеќерот.

Додадете ги жолчките една по една. После секоја жолчка изматете и потоа додадете ја другата жолчка. После жолчките додадете го маслото, изренданата кора од лимон и убаво изматете.

На крај додадете го брашното во кое сте го ставиле прашокот за пециво и изматете со жица за матење. Ќе добиете малку погуста смеса.

Тавата со големина 42х30 см, покријте ја со хартија за готвење и хартијата премачкајте ја со путер.

Зрелите праски измијте ги убаво и исечете ги на листови до 1 см дебелина. Наредете ги исечените праски на подмачканата хартија за печење.

Измешајте го шеќерот со двете кесички бурбон ванила. Посипете ги праските со 1-2 лажици од горната мешавина.

Сипете ја изматената смеса над праските, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

Испечената кора превртете ја на друга хартија за печење, малку поголема од тавата. Внимателно тргнете ја хартијата на која се печеше кората. Сега праските се свртени нагоре.

Со помош на долната хартија завиткајте ја кората како ролат.

Ролатот оставете го да се излади и исечете го парчиња.

Пред служење посипете го со шеќер во прав.

Коронавирус