петок, 29. јули 2022. Вести денес: 127
home Храна и пијалаци

Без овие минерали не може да функционирате, а најпотребни ви се во лето

Без овие минерали не може да функционирате, а најпотребни ви се во лето

За да бидете сигурни дека внесувате доволно минерали во организмот, најважно е да јадете многу лиснат темнозелен зеленчук. Различните житарки исто така се богати со важни минерали, како и јајцата.

Ако преку исхраната не успевате да внесете доволно одредени минерали, може да ги надополните со суплементи.

Ако секој ден јадете различен свеж зеленчук, голема е веројатноста да добивате доволна количина минерали, но во текот на летото потребно е да јадете уште повеќе бидејќи минералите се губат со потењето.

Овие пет минерали е важно да ги внесувате секој ден:

Железо

На телото му е потребно железо за да го пренесува кислородот низ организмот. Кога не внесувате доволно железо, тогаш сте уморни и слаби. Железо секогаш земајте го со витамин Ц кој ја подобрува неговата апсорпција.

Калциум

Неопходен е за силни коски, особено за децата. Истражувањата покажаа дека внесувањето доволно количини калциум во детството помага до 18 година да го постигнете максимумот на коскена маса, што ја намалува веројатноста за остеопороза подоцна во животот. Млечните производи изобилуваат со овој важен минерал, но и растителната храна како спанаќ.

Магнезиум

Овој минерал е неопходен за здрави коски и енергија. Недоволни количини магнезиум можат да доведат до сериозен замор. Спротивно на тоа, постојат докази дека магнезиумот помага подобро да спиеме, а ни овозможува доволно сон така што во текот на денот имаме доволно енергија. Го има во семките од тиква, со кои ќе добиете и доза цинк, кој исто така спречува грчеви.

Цинк

Овој минерал има неколку клучни улоги. На мозокот му е потребен за когнитивни функции и паметење, а помага телото да произведува важен хормон на тироидната жлезда.

Калиум

Помага во регулацијата на крвниот притисок, па е важен за здравјето на срцето, исто така има важна улога во работата на нервниот систем. Одличен извор на калиум се бананите, но и зелениот зеленчук, слаткиот компир и лососот.

 

извор: kajgana

Коронавирус