среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 156
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Храна и пијалаци

Бабин рецепт: Миризливи медалјони со мед

Бабин рецепт: Миризливи медалјони со мед

Едноставни колачиња без додадени „модерни“ состојки, за сите оние кои обожуваат старински колачи.

Потребни состојки:
– 110 гр путер
– 2 јајца
– 70 гр шеќер
– 1-2 лажици мед
– 80 гр брашно
– ½ лажичка прашок за пециво
– малку сол
– рендана кора од половина портокал

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.

Ставете го путерот во подлабок сад на средна температура, оставете додека не се формираат меурчиња и пена, често мешајќи. Оставете го стопениот путер малку да потемни од долната страна, а потоа тргнете го од оган.

Во поголем сад, измешајте ги јајцата, шеќерот и медот, па домешајте со миксер за да добиете густа смеса. Потоа додадете го стопениот путер и измешајте.

Во помал сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво со малку сол, па додајте го во смесата, изрендајте ја кората од портокал и измешајте да се соединат.

Истурете ја смесата во калапи (најдобро е да користите силиконски калапи за пралини или помали калапи за мафини) и печете ги медалјоните додека не добијат златна боја, околу десет минути.

извор: kajgana.com