понеделник, 23. јули 2018. Вести денес: 80
home Храна и пијалаци

Ако сакате чист протеин избегнувајте вакво пилешко месо

Ако сакате чист протеин избегнувајте вакво пилешко месо

Во случај да сакате да јадете чист протеин без никакви маснотии треба да обрнете внимание на изгледот на пилешките гради.

Ако некогаш сте купувале пилешки гради тогаш сигурно знаете дека некое месо има бели линии на површината. Сега е откриено што точно значат овие црти.

Благодарениe на модените фарми, некогаш на пилето од јајцето до вашата чинија му се потребни само 40 дена, токму поради брзиот раст и развој, велат експертите во емисија на британската телевизија Канал 4.

Брзината со која пилето се развива предизвикува појава на бели линии на месото, а љубителите на фитнес би требало да ги изгнуваат нив бидејќи овие линии всушност претставуваат вишок на маснотии.

-Пилињата премногу брзо се развиваат за да достигнат големина потребна за пазарот, што предизвикува појава на бели линии, откриено е во емисијата.

Меѓутоа, дури и со белите линии содржината на мастите во пилешкото месо се уште е пониско од црвеното месо, велат податоците кои беа изнесени во емисијата.

Од друга страна, органското месо има минимални линии зашто пилињата растат многу побавно. Меѓутоа, овие пилиња може да се најдат по повисока цена на пазарот.