четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Храна и пијалаци

4 најдобри трикови за киселење зелка што секој треба да ги знае!

4 најдобри трикови за киселење зелка што секој треба да ги знае!

Дојде време за приготвување зимници, а по ајварот, домаќинките почнуваат со киселење зелка.

Сепак, на многумина им се случува и покрај повеќегодишното искуство, скиселената зелка брзо да им се расипа.

Затоа, ви предлагаме неколку трикови кои сигурно ќе го спречат тоа, како и некои основни правила благодарение на кои и на почетниците ќе им успее највкусната туршија!

Наједноставниот рецепт
На 30 кг зелка се става еден килограм сол. Првите листови се отстрануваат, со нож се засекува крстче на коренот и главиците се редат во буре. Со оглед на тоа што се тркалезни и невозможно е убаво е да се наредат, неколку главици зелка треба да ги пресечете на четвртини и половини и да ги сместите помеѓу целите главици, за да можат сите главици цврсто да стојат.

Потоа, се налева вода во бурето, така што ќе дојде два прста над главицата на врвот, па одозгора се става дрвен или пластичен притискач.

Врз притискачот, луѓето обично ставаат камен или поголема тегла наполнета со вода, и тоа е во ред кога бурето е полно до врвот. Но ако ви останало простор, ризикувате зелката побрзо да се расипе, поради дотокот на воздух. Во овој случај, најдобро е да наполните поголема најлонска кеса со вода и ја ставите врз зелката.

Без преточување на расолот
За не морате да го преточувате расолот, ви го предлагаме следниов трик: врз притискачот или кесата со вода, раширете погуста памучна крпа, па на неа ставете уште сол. Така солта полека ќе се стопува и ќе паѓа на дното на бурето.

Температурата е важна
Додека не се скисели (околу еден месец), зелката мора да стои на собна температура. Не смее да биде многу ладно. На поладно место, зелката треба да се премести подоцна, каде што температурата не би требало да надминува 5 степени (подрум, гаража…).

Контролирајте ја количината на вода
За време на киселењето од еден месец, повремено треба да ја контролирате количината на вода во бурето, особено првите денови. Зелката не смее да биде надвор од вода, па долевајте ја по потреба. Ако користите камен или тегла, задолжително измивајте ги барем секој втор ден.

Извор: Убавина и здравје

Коронавирус