вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 129
home Храна и пијалаци

3-те предупредувачки знаци кои откриваат дека во вашиот организам има вишок на сол

3-те предупредувачки знаци кои откриваат дека во вашиот организам има вишок на сол

Солта е еден од производите без кои не можеме да си го замислиме секојдневието. Таа е неопходна за подготовка на многу вкусни гозби, а недостатокот од истата создава јадења без вкус, кои не му се пријатни на никого за консумирање.

Но, повеќето од нас имаат тенденција да претеруваат со употребата на сол, што лесно може да му наштети на нашето тело, односно да се создаде вишок на сол во организамот. А еве кои 3 предупредувачки знаци откриваат дека токму во нашиот организам има вишок на сол:

Подуеност

Ако вашите нозе или лицето се подуени наутро кога ќе станете, тогаш тоа е јасен знак дека најверојатно консумирате премногу сол. Кога телото ќе започнува да задржува дополнително вода, тоа значи дека има прекумерено сол во организамот.

Промени во уринирањето

Наталожувањето на натриум во телото може да предизвика сериозни промени во уринирањето. Може да дојде до заболување на бубрезите што доведува до почеста потреба за уринирање, а течноста е бледа и јасна. Но, исто така, вишокот на сол може да доведе до дехидратација, што ќе ја направи урината темножолта.

Грчеви во мускулите

Умереното консумирање и правилното распоредување на натриум во организамот е од клучна важност за нашето здравје, бидејќи овој хемиски елемент е одговорење за еластичноста и способноста за свиткување на мускулите. Прекумерената консумација на сол може да доведе до болки или грчеви во мускулите.

Извор: Нане.мк

Коронавирус