среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Храна и пијалаци

3 едноставни рецепти за здрави десерти од само неколку состојки

3 едноставни рецепти за здрави десерти од само неколку состојки

Кога станува збор за десерти и слатки, на многу луѓе им е тешко да престанат. Повеќето од нив се одлучуваат за готови варијанти од продавницата, што значи дека со конзумирање ќе внесат голема количина шеќер што не е добра за здравјето.

Но, здрави варијанти секогаш постојат и често се многу повкусни од оние готови и нездрави верзии. Ви донесовме три едноставни и брзи рецепти за вкусни десерти, по чија консумација нема да се чувствувате виновни.

Здрав чоколаден мус

За здрав мус од чоколадо, ќе ви требаат само четири состојки:

четвртина од авокадо
незасладено органско какао
зрела банана
мед или некој друг здрав засладувач по ваш избор
Измешајте ги сите состојки додека не се соединат во мазна смеса. Послужете ги со ореви или бобинки одозгора. Додадете мед или некој друг засладувач како сируп од агава, по желба, или можете да ги изоставите.

Замрзнати корпи со кикирики

Овие корпи ќе ги обожаваат апсолутно сите бидејќи комбинацијата на путер од кикирики и чоколадо никого не остава рамнодушен. Ќе ви требаат само пет состојки за нив:
чаша путер од кикирики без додаден шеќер
3 лажици мед
половина чаша органско масло од кокос
незасладено органско какао
1 лажица јаворов сируп
Кикириките измешајте ги со лажица јаворов сируп и смесата ставете ја во хартиени калапи за мафини. Добро измешајте какао, кокосово масло и мед додека не добиете еднолична смеса. Прелијте ја над смесата што ја ставате во калапите и ставете ја во замрзнувач 20 минути пред да ја сервирате.

Здрави чоколадни колачиња

Нема да морате да ја запалите рерната за овие колачиња и ќе ви требаат само неколку состојки, кои веројатно веќе ги имате дома.

половина чаша путер од кикирики без додаден шеќер
две лажици кокосово масло
три лажици мед
50 грама црно чоколадо
чаша и пол овесна каша
Измешајте ги сите состојки и загрејте ги на средна температура, кога смесата ќе стане еднаква, додадете овесна каша и намалете ја топлината. Мешајте додека смесата не стане густа и додека овесната каша не омекне. Кога ќе се олади, обликувајте и ставете ги во фрижидер 30 минути да се зацврстат. Чувајте ги во фрижидер.

Коронавирус