недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Хороскоп

Зошто Лавовите очекуваат сите да ги сакаат?

Зошто Лавовите очекуваат сите да ги сакаат?

Лавот очекува внимание, смета дека заслужува да биде центар на вниманието, да доминира секаде и да добива кралски третман. За некои тоа е симпатично, но за други е вообразено. Кои се карактеристиките на овој знак?

Некои би рекле дека Лавовите се мрзеливи, но тоа не е точно. Тие само не сакаат да трошат енергија  на неважни нешта. Умеат да бидат вредни кога знаат дека им следи слава и остварување на нивните соништа. Тие знаат и да се забавуваат, но кога одмораат, тоа го прават со стил. Кај нив важи правилото – или да работат или да уживаат, не постои нешто измеѓу.

Родените во овој знак сакаат адреналин и забава и поради тоа им се многу забавни на другите. Некои би рекле дека Лавовите се луди за забава, бидејќи не сакаат да пропуштат ниту една забава.

Лавот го сака животот и луѓето. Се држи до правилото:  сакај го животот и тој ќе те сака тебе. Но, зошто овој знак толку сака да биде сакан и обожаван од другите? Тој навистина е како крал на џунглата кој сака да има свои поданици кои ќе го сакаат и ќе му се восхитуваат.

Тешко е да се освои нивното срце и монгу се пребирливи, но за оние кои ќе го освојат нивното срце, следат многу романтични денови. Сакаат да флертуваат, да заведуваат, но не сакаат да освојуваат постојано. Ќе се трудат за една личност само ако сметаат дека таа е достојна за нивното внимание.

Лавовите се секогаш заштитнички се однесуваат кон оние кои ги сакаат. Не знаат секогаш да ја покажат љубовта, но сакаат со целото свое срце. Шармот е нивната карта за успех. Ако нешто згрешат, секогаш ќе се обидат да го искористат својот шарм за да ги натера другите да заборават.

Оние кои не ги познаваат добро мислат дека се чудни и „дигнати“ личности, но кога малку ќе ги запознаат ќе сфатат зошто Лавот сака да биде сакан и обожаван од сите околу него.