сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 85
home Хороскоп

Зимски хороскоп: Откријте ја вашата судбина во наредните месеци

Зимски хороскоп: Откријте ја вашата судбина во наредните месеци

Овен

Немојте да се менувате поради другите. Обновете ги сопствените желби и работете на себе си. Веќе ги пуштивте корените и сè е подготвено за раст. Ново чувство на обврски навлегува во вашите односи. Тие чувства ќе се развиваат сè повеќе, а на крајот на зимата веројатно вашата врска ќе премине на едно повисоко ниво. Давате сè од себе за во текот на зимата да го исчистите и телото и духот. Ценете ги материјалните работи кои ги имате, но не дозволувајте да ви станат поважни од љубовта. Оние кои се слободни, ќе запознаваат многу нови луѓе, што ќе пружи и можности за нова врска. Немојте да бидете строги кон себе

Бик

 

Вие имате среќа (но и несреќа) секогаш да ги видите добрите и лошите страни на секоја ситуација.Сеедно, оваа зима ќе ви изгледа поведра од вообичаено.Во потрага сте по вистината. Зимскиот период ќе ви донесе големи филозофски и спиритуални мисли.Ослободете се од старите и непотребни работи и бидете личност каква што сакате да бидете. Истото се однесува и на луѓето што ве оптоваруваат. Немојте да се дружите со личности кои што ве депримираат или ви ја намалуваат самодовербата.Бидете им потпора на пријателите.

Близнаци

Зимата ќе ви биде забавна, а со бистар умсите проблеми лесно ќе ги решавате.Со скоро секоја ситуација ќе знаете да се справувате.Немојте да се оптоварувате со ситници. Слободно игнорирајте ги малите работи, насочете се на големата слика. За да ви биде добро, не мора секој детал да биде совршен.Личностите и местата на кои што ќе одите може да бидат инспирација за вашата креативност, па зимскиот период е одличен за уметниците.Бидете самоуверени и ќе можете да ги остварите своите сни.

Рак

Слободно охрабрете се и целете високо. Оваазима е како создадена за остварување на соништата.Секогаш има место за подобрување. Размислете на што треба да поработите и што уште можете да научите.Бидете малку посебични. Делувајте водени од своите желби, но никако на штета на другите. Не треба да ги слушате другите за сè, но мора да ги почитувате.Немојте да се плашите од самотијата. Сепак, бидејќи ќе ве привлекуваат сеќавања од минатото, внимавајте да не паднете во депресија или негативна носталгија.Ќе имате можност да запознаете една мудра личност. Таа ќе ви даде еден добар совет. Или повеќе добри совети, па размислете за тоа.

Лав

Целите повеќе од вообичаено и тоа со добра причина. Неодамна нешто се случило што ќе има влијание на целиот зимски период кој е пред вас.Прагматичната страна на вашата личност ќе биде активна оваа зима. Знаете што сакате и најверојатно знаете како тоа да го добиете.Оваа зима ќе има особено позитивни ефекти во вашата кариера. Барате работа или сакате да напредувате? Сега е моментот. Луѓето околу вас ќе ве подржат, а вие ќе знаете тоа да го препознаете,  а по потреба и да го искористите.Можна е нова љубов, а долгите врски ќе напредуваат.

Девица

Лесно е да се падне во замката на себичноста и да не ги третирате другите онака како што заслужуваат, туку само да ја гледате својата корист.Обидете се да се однесувате кон другите онака како што вие би сакале тие да се однесуваат со вас.Следните неколку месеци ќе дојде до одбивање на некои начини на однесување или занемарување на некои аспекти од животот.Постои шанса една голема идеја да ве окупира и да ви одзема многу енергија. Малку повеќе жртвување и став со повеќе разбирање кон другите ќе ви донесе најголема корист.Внимавајте да не станете опсесивни, па водете се и со разумот, а не само со чувствата.

Вага

Лесно ќе наоѓате инспирација и ќе бидете многу креативни. Осврнете се на светот околу себе и барајте надворешна убавина. Уживајте во убавите слики и пријатните моменти. Очекувајте голема поткрепа, можеби дури и финансиска, но подршка сигурно и тоа од една жена. Сите врски ќе ви бидат важни оваа зима, а ќе имаат влијание и на крајните одлуки. Потрудете се да уживате во секојдневието и во ситуациите во кои што ќе се наоѓате, без разлика дали сте во врска или сте слободни.

Шкорпија

Ако повеќе ве воодушевуваат активностите со кои што се занимавате, едноставно завршете со оваа сезона и ослободете си ја зимата. Време е за самоиспрашување. Осврнете се малку наназад и размислете што можете да искористите, а што повеќе не ви служи. Сведете ги активностите и работите на оние кои што ви носат најмногу корист и во кои што уживате, а останатото исфрлете го за непотребно да не ви одзема време. Размислете за добротворна работа. Подобро ќе се чувствувате ако им помагате на другите. За љубовта нема многу да размислувате, но само затоа што сега е сè во ред.

Стрелец

Истовремено сте многу друштвени и многу продуховени. Ќе се чувствувате возбудено, а своите мисли ќе посакате да ги делите и со други. Поддршка од родителите и пријателите нема да ви недостасува, само е важно да ги препознаете вистинските вредности, па уживајте во она што го имате, наместо да се оптеретувате со ситниците што недостасуваат. Дури и ако не сте романтична душа оваа зима ќе ви донесе прекрасни моменти. Деловните идеи ги забележувате за да не ги заборавите бидејќи постои шанса некои од нив да се покажат вредни.

Јарец

Обидите да ги сортирате работите кои нема да вродат плод. Тоа не е ништо лошо бидејќи и така не може се да биде во совршен ред. Гледајте широко и потрудете се вкупниот впечаток да биде добар, а не секоја ситница на свое место. Сепак, фатете се за работа, бидејќи ако не се потрудите ќе бидете во голема збрка при крајот на зимата. Овој зимски период нема да бидете многу сентиментални, па повеќе ќе ве интересираат практични работи. Ќе бидете насочени кон самите себе, па ќе се грижите за својот изглед повеќе од вообичаено. Пријателите ќе ви пружат вистинска поддршка, а вие обидете се повеќе да уживате во друштвото, затоа што ќе бидете омилени.

Водолија

Животот има многу патишта, па немојте себеси да си велите дека само еден е вистинскиот. Бирајте ги оние патеки кои што ви одат од корист. Овој зимски период ќе се запознавате себеси и ќе откриете нешто што до сега не сте знаеле за себе. Искуствата низ кои што сте поминале изминативе неколку месеци го зголемија доживувањето за постоење луѓе околу вас. Најпосле излегувате од капсулата и повторно станувате друштвени. Веројатно ќе поминете низ судири со една личност која што има поинакви уверувања, но запрашајте се дали таквите судири имаат смисол. Зимата за вас е одлична за кариерата, но ни љубовта нема да заостанува.

Риби

Учете од своите грешки и обидете се одново се додека не успеете. Не може сите одлуки кои што ги донесувате да бидат совршени. Зимата ќе биде исполнета со нови идеи, а ќе имате чувство како да се подготвувате за нешто големо.Бидете штедливи. Не дека треба да се откажете од сè, но имајте на ум дека треба да штедите за поголеми цели и подобра иднина. Ако сте во подолга врска ќе наидете на некои пречки, но важно е да им верувате на своите инстинкти.Исто така, верувајте му на чувството кога е во прашање нова љубов, без разлика што разумот може да ви сугерира поинаку, бидејќи никогаш не знаете како може ситуацијата да се сврти во ваша корист.

 

Коронавирус