среда, 18. јули 2018. Вести денес: 136
home Хороскоп

Жените во овој хороскопски знак најтешко ја пронаоѓаат љубовта

Жените во овој хороскопски знак најтешко ја пронаоѓаат љубовта

Хороскопот понекогаш може да каже многу за љубовта, бракот и наоѓањето на вистинскиот партнер. Но, жените родени во хороскопскиот знак Јарец имаат до толку изразени критериуми околу сето тоа, што честопати, крајниот резултат е самотијата, пишува порталот Б92.

Жената Јарец претпочита стабилност и ги цени само оние луѓе кои цврсто ги следат нивните уверувања и принципи. Таа не сака да губи време на безначајни или безвредни ситуации. Ги презира фантастично-романтичарските разговори. Вредна е и добар организатор. Просто, таа е реалист. Стои цврсто на земја.

Поради тоа, жените Јарци поретко доживуваат искрена љубов. Љубовта кај нив доаѓа бавно и за тоа е потребно огромно трпение и нерви, и кај двајцата.

Кога таа ќе се одлучи на таков чекор, тоа е за цел живот, затоа тој спроти неа, мора да биде исклучително трпелив, оти тоа на крајот скоро секогаш вреди.