сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Жените родени во овие хороскопски знаци се најверни

Жените родени во овие хороскопски знаци се најверни

Никој не стапува во брак со личност за која се сомнева дека ќе го изневери, но неверствата сепак се случуваат. Причините за тоа се различни, а според едно истражување жените најчесто ги изневеруваат мажите кои не им помагаат во домашните обврски.

Сепак, астрологијата тврди дека жените во овие два хороскопски знаци не ни помислуваат на неверство.

Бик

Жените родени во знакот на Бик се изразито морални и искрени, никогаш не би направиле нешто што не е според правилата. Тука спаѓа и изневерувањето. Верноста им е најважна работа во врската, затоа од истите причини не простуваат неверство.

Девица

Иако делуваат студено, кога се вљубени, жените родени во знакот на Девица во целост се посветени на партнерот. Толку се внесени во врската и бракот што не забележуваат други мажи околу себе.

Поради љубовта со која ги опсипуваат своите партнери обично и ним не им доаѓа инспирација за неверство.

извор: kajgana.com

Коронавирус