недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Хороскоп

Жените родени во овие 3 хороскопски знаци се вистински божици во сексот

Жените родени во овие 3 хороскопски знаци се вистински божици во сексот

Жените родени во овие 3 хороскопски знаци, оргазам доживуваат без проблем, а со нив секој маж се чувствува како фантастичен љубовник.

Овен

Како и повеќето други работи, Овенот сака и секс на брзина. Доколку партнерот е активен и не одолговлекува може многу брзо да доживее оргазам. Предиграта не е задолжителна, а ако ја има и таа би требало да биде многу кратка. Најмногу мрази кога некој ја „мафта“ 2 часа – тогаш и станува досадно и го губи интересот. Па, ако сакате да ја одведете до врвот – подгответе се за брза трка.

Шкорпија

Шкорпиите ги бие глас дека се божици во сексот и многу ги сакаат сите игри поврзани со него. Кај Шкорпијата е изразена повеќе упорноста отколку задоволството. Таа е решена да доживее оргазам и нема да обрнува внимание дали можете да го следите нејзиното темпо или не, затоа и е потребен издржлив партнер. Бидејќи е најголем перверзник во хороскопот, остварувањето на некои фантазии многу ќе ја возбудат и до врвот ќе дојде за брзо време. Меѓутоа, дури кога длабоко ќе го засака партнерот, можеби ќе му препушти малку контрола во кревет, но темпото секогаш ќе го диктира таа.

Водолија

Познати хедонисти, Водолиите уживаат во сексот. И да ја мачат најголемите грижи на светот, ги става на страна и во кревет влегува ослободена. Поради тоа, многу брзо доаѓа до врвот и тоа обично повеќекратно. Бидејќи целосно се фокусира на партнерот и сексуалниот чин, тешко дека било што ќе и одвлече внимание кога е во љубовен занес. Може да и изгори цел стан, а таа ќе го чувствува само огинот меѓу чаршавите. По малку е себична и сака да и се угодува, но на вниманието возвраќа со повеќекратни оргазми поради кои ќе се чувствувате како да сте најдобар љубовник на светот.