вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Запознајте ги стрелците: Самоуверени, амбициозни и дружељубиви

Запознајте ги стрелците: Самоуверени, амбициозни и дружељубиви

Во љубовта очекуваат стабилност, верност и слобода, која не смее да изостане

Доколку сте родени од 23 ноември до 21 декември, тогаш му припаѓате на хороскопскиот знак Стрелец, деветтиот знак на зодијакот.

Вие сте вечен идеалист, во потрага по нови животни искуства. Ве фасцинираат патувањата, како и откривањето нови, различни култури. Препознатливи сте по непресушниот оптимизам и широката насмевка, која не ја симнувате од лицето. Покрај вас едноставно е невозможно да се биде рамнодушен и мрачен.

Под таа насмеана и навидум безгрижна надворешност се крие вистински мудрец и учител, кој ги пренесува знаењата на околината, на помладите генерации, па токму затоа голем број стрелци се одлучуваат за професијата педагог, како и за лекарскиот повик. Искреноста е уште една ваша истакната особина, иако кај вас не е секогаш најдобро „спакувана“.

Едноставно, вие го кажувате тоа што го мислите, па оној што ја бара вистината од вас мора да биде подготвен и на непријатни одговори. Ги сакате своите блиски, пријателите и партнерот, но неопходно е да ви дадат одредена доза слобода. Доколку ја немате, во состојба сте да ја покажете и онаа другата,

незгодната страна на својата личност.

Бидејќи спаѓате во променливите знаци со огнен елемент, поседувате способност за брзо приспособување на околностите во кои ќе се најдете, а од кои најчесто излегувате како победник.

Извор: УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ

Коронавирус