понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 141
home Хороскоп

Заљубена Девица: Сите предности и мани во врската со жена родена во овој хороскопски знак

Заљубена Девица: Сите предности и мани во врската со жена родена во овој хороскопски знак

Девицата е шестиот по ред хороскопски знак и се работи за пасивен земјен знак, кој има променлив, меланхоличен темперамент. Девицата е одговорна, грижлива и верува во вистинска љубов и во практична љубов. Таа е страствена и интензивна и бара совршенство во љубовната врска.

Жената родена во овој хороскопски знак тежнее кон анализирање на ситуацијата, бара мани и ги истражува емоциите. Таа секогаш се посветува на една личност, не е многу отворена и ќе се заљуби откако длабоко ќе ја изанализира таа личност. Со оглед на тоа дека е наклонета кон анализирање, понекогаш претерува и почнува да го „гуши“ партнерот со непотребни детали и ситници. Понекогаш и премногу се грижи за блиските, па тие некогаш се чувствуваат уморни од тоа.

Девицата е комуникативна и интелигентна. Полна е со идеи, а самодовербата и мотивацијата секогаш ја туркаат напред кон остварување на нејзините цели.

Што очекува од партнерот?

За жената родена во овој хороскопски знак, најважни карактеристики на еден партнер се: стабилноста, верноста и искреноста. Таа не се врзува многу лесно, но кога ќе изјави љубов, тогаш е сигурна дека навистина е заљубена. Таа претпочита долги врски. Партнерот на Девицата може да биде сигурен дека таа ќе биде покрај него и во добро и во лошо, а истото го очекува и од него.

Наубаво се чувствува кога е во врска со земјени знаци.

Верна и грижлива

Девицата е романтична во врската, но мора да му дозволи на партнерот да се изразува на свој начин, дури и ако за неа тоа нема смисла. Ако ги прифати луѓето онакви какви што се навистина, тогаш ќе има подобра поврзаност со личноста со која е во врска.

Девицата треба да научи како да го отвори своето срце, т.е да биде ранлива, особено ако е во романса со воден знак (Рак, Скорпија или Риби). Од друга страна, ако влезе во врска со огнен знак (Овен, Лав или Стрелец), би требала да се обиде да биде спонтана. Девицата најудобно се чувствува во друштво на друг земјен знак (Бик, Девица или Јарец), но би требала да ги покажува своите чувства. Ако влезе во врска со воздушен знак (Близнаци, Вага или Водолија), тогаш мора да се обиде да биде трпелива, односно да му дозволи на партнерот самиот да дојде до некои сознанија.

Позитивни карактеристики:

Интелигенција

Интуиција

Чесност

Верност

Посветеност

Прецизност

Трпеливост

Дарежливост

Внимателност

Негативни карактеристики:

Критичност

Перфекционизам

Тврдоглавост

Песимизам

Склоност кон осудување

Скептичност

Нефлексибилност

Коронавирус