петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 103
home Хороскоп

За здравје, среќа и хармонија: Погледнете кој кристал ви одговара според хороскопот

За здравје, среќа и хармонија: Погледнете кој кристал ви одговара според хороскопот

Љубителите на полускапоцените камења, кристалите и минералите тврдат дека секое камче носи одредено позитивно дејство во себе и дека често може да го најдете соодветното за вас според хороскопскиот знак.

Покрај позитивни дејства, камењата совршено може да се вклопат и во накитот и други модни додатоци.

Погледнете кој ви одговара според хороскопскиот знак.

Тиркиз- Позитивно влијае при справување со стравови, зависност, кожни болести, тешкотии со дишењето, се верува дека го зголемува и либидото.

Најчесто, тиркизот се поврзува со хороскопските знаци Бик, Стрелец, Водолија и Риби.

Хематит- Помага во одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем и на одржувањето на притисокот и нивото на шеќер во крвта.

Со овој кристал се поврзуваат хороскопските знаци Овен, Вага, Шкорпија и Јарец.

Горски кристал- Го стабилизира крвниот притисок, штити од зрачења и позитивно влијае на креативноста и инспирацијата.

Совршено им одговара на припадниците на знаците Овен, Рак, Лав и Јарец.

Цитрин- Го подобрува менталното здравје, либидото и енергијата.

Им одговара на припадниците на хороскопските знаци Близнаци, Девица, Вага и Водолија.

Аметист- Носи среќа кај љубителите на игри на среќа, а го чува и репродуктивното здравје на жените.

Според хороскопот, овој камен одговара на Шкорпија, Стрелец, Водолија и Риби.

Розов кварц- Ја поттикнува самодовербата и го стабилизира емоционалниот стрес, истовремено ја подобрува циркулацијата.

Им одговара на Бик, Рак, Девица и Јарец.

Тигрово око- Позитивно делува при лечење на астма, бронхитис и мигрена.

Им одговара на Близнак, Рак и Стрелец.

Коронавирус