петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 152
home Хороскоп

Време е за десерт- Рафаело торта

Време е за десерт- Рафаело торта

Ако веќе завршивте со ручекот, време за десертот. Овој пат имаме рецепт за превкусната Рафаело торта.

Потребни состојки:

За кора:

-140 гр брашно;
– 130 гр кафеав шеќер;
– 100 гр кокос;
– 125 гр топен путер;
– малку сол;

За фил:

– 140 мл кокосово млеко;
– 80 гр кокос- рендан;
– 200 гр бело чоколадо- ситно сецкано;
– 50 гр макарпоне намаз- павлака;
– 60 гр шеќер во прав;
– 85 грама вишњи;

За декорација:

– 80 гр рендан кокос;
– неколку цреши;

Подоготовка:

Загрејте ја рерната на 100 степени и со четка подмачкајте ја тавата со путер. За да ја поготвите кората, помешајте го брашното, кокосот и кафеавиот шеќер, солта и топениот путер.

Мешајте се додека сите сосјтојки не се соеднинат, а потоа рамномерно распоредете ја смесата во тавата. Печете 12-15 минути, или додека не добиете златна боја на кората. Потоа оставете ја кората да се излади во фрижидер.

За подготовка на филот, во сад додадете кокосово млеко и во него додадете го ренданиот кокос. Готвењето на смесата нека биде на умерена температура. Потребно ви е 30-40 минути додека кокосот не се соедини со кокосовото млеко. Потоа додадете го белото чоколадо и мешајте се додека не се растопи и спои со кокосот.

Ставете ја смесата во друг сад и оставете во фрижидер да се излади. Откако смесата ќе се излади, помешајте ја со маскарпоне намазот и шеќерот во прав, па додадете ја другата смеса со чоколадо и кокос.

Земете 1/4 од филот и рамномерно нанесете на кората, а црешите дојдате ги најгоре како декорација. На крај додадете го ренданиот кокос и уживајте во вкусната Рафаело торта.

На здравје десертот!

Коронавирус