понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 97
home Хороскоп

Во овие хороскопски знаци се раѓаат најубавите личности

Во овие хороскопски знаци се раѓаат најубавите личности

Иако на убавината е тешко да се гледа како на нешто универзално, сепак постојат некои заеднички карактеристики.

Како и особините и карактерот, така и убавината може да биде предодредена од хороскопскиот знак, а се чини дека ѕвездите се најмногу наклонети кон следните три хороскопски знаци.

Вага

Многумина се сложуваат дека во знакот на Вага се раѓаат најубавите луѓе. Вагите се префинети и отмени и ретко кога имаат некакви недостатоци како голем нос, криви заби и слично. Тие се привлечни и зрачат со посебна убавина.

Шкорпија

Шкорпиите имаат многу впечатливи лица. Често зрачат со посебен сексапил кој се карактеризира со полни усни, убава коса и заводливи очи. Ретко која Шкорпија има проблеми со тежината или кожни неправилности.

Јарец

Јарците, а особено жените родени во овој знак, имаат препознатлива фигура на песочен часовник и истакнати облини. Најчеста моќна физичка карактеристика им е прекрасната насмевка, но и тоа што секогаш изгледаат уредно и дотерано.