петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 60
home Хороскоп

Во овие хороскопски знаци се раѓаат најлошите брачни партнери

Во овие хороскопски знаци се раѓаат најлошите брачни партнери

Според астрологијата, некои негативни карактеристики на одредени хороскопски знаци ги прават лоши партнери. Откријте во кои хороскопски знаци се раѓаат најлошите брачни партнери.

1. Рак

Иако важи за најверен знак, тоа е единствената предност ако вашиот партнер е Рак, пишува Cosmopolitan. Мажите родени  во овој знак најчесто се женат од корист, односно за да ја осигурат нивната иднина без вложен труд бидејќи по природа се пасивни и мрзливи. Поради тие карактеристики од нив во бракот не може да очекувате помош при чистење или одгледување на децата, што е многу фрустирачки. Исто така постојано се незадоволни па само критикуваат и се жалат.

2. Скорпија

Единствен начин да имате складен брак со Скорпија е да му ги препуштите сите одлуки нему. Мажите родени во овој знак најчесто се старомодни и не сакаат жената да ја има главната улога, па за разлика од Раковите, не стапуваат во брак од корист бидејќи сметаат дека тие треба да го издржуваат семејството.

3. Стрелец

Стрелците имаат разни интереси и тешко е да ги задржите дома, па бидете подготвени на ова ако се омажите за Стрелец. Нема да го гледате толку често колку што сакате. За да го скротите мора да бидете мудри и тактични. Бракот ќе ви биде во хармонија ако имате исти интереси. Во спротивно, ќе бидете сами и несреќни.