петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 149
home Хороскоп

Владеење на Лавот: Што го очекува вашиот знак до 22 август?

Владеење на Лавот: Што го очекува вашиот знак до 22 август?

Прочитајте што го очекува вашиот знак за време на владеењето на Лавовите.

Овен

На полето на работата, ве очекуваат промени кои носат напредок на вашето работно место. Од друга страна пак, доаѓа до големи предизвици на лично поле. Потрудете се да не трошите многу и да заштедите малку.

Ако треба да донесете важна одлука, треба да направите напор да не ги пробиете роковите. Бидете внимателни ако управувате со алат и ако сте учесник во сообраќајот.

На полето на љубовта, ова е добро време за романтика и љубов. Се отвораат нови хоризонти, но можни се одредени одолговлекувања кои дополнително ќе ве иритираат. Ако барате љубов, ова ќе биде период на исчекување.

Работите би можеле да бидат многу подобри ако себеси си дадете малку одмор. Важно е да се оддалечите од оние кои ве полнат со негативна енергија. Бидете потрпеливи во однос на вашите блиски.

На полето на здравјето, внимавајте на настинки.

Бик

На полето на работата, ве очекува нова динамика. Почнуваат некои бури кои можат животот да ви го променат од корен, особено ако станува збор за нешто што сте го правеле во минатото. На ова ќе бидат најизложени луѓето кои работат во здравството, на полето на комуникации и сообраќај.

Со оглед на тоа дека деновите ќе ви бидат исполнети со голема динамика, важно е да обрнете внимание на професионалните односи и да се потрудите да ги избегнете недоразбирањата со колегите кои трајно можат да ја нарушат вашата соработка.

Внимавајте, животот може да ви се промени од корен.

На полето на љубовта, неопходно е да ги сведете очекувањата на минимум, а тоа е нешто што вам секогаш ви паѓа тешко. Тоа што ќе го отпочнете нема да се развива во саканата насока и очекувана брзина, па можни се разочарувања. Немојте ништо да претпоставувате, туку комуницирајте отворено и прашувајте.

На полето на здравјето, внимавајте на белите дробови.

Близнаци

На полето на работата, ќе бидете притиснати од многубројни обврски. Во рамки на тоа, можна е средба со личности кои отворено ќе ви ги претстават своите очекувања. Се работи за луѓе кои се на повисока позиција од вас и кои можат да ви помогнат. Не ви преостанува ништо друго туку дисциплирано да прифатите тоа што се бара од вас. Во спротивно, можен е голем стрес со кој тешко ќе се носите овој период.

На полето на љубовта, чувствувате каква е ситуацијата со саканата личност, но тоа не умеете да го претворите во зборови. Саканата личност не ве разбира, вашето молчење делува мистериозно, па делувате чудно и луто. Ако не успеете да најдете начин да воспоставите поблиска комуникација, можно е да дојде до големи последици во однос на вашата врска. Сепак, претходно преиспитајте се дали вреди да дојде до тоа.

На полето на здравјето, можни се проблеми со крвниот притисок.

Рак

На полето на работата, доаѓа до позитивна енергија која ќе ви дојде добро. Ќе се согласувате одлично со колегите, а ќе ги унапредите и тимската работа и соработка, па дури и надвор од работното место. Некои работи ќе ви делуваат напнато, мора да сте свесни за малите победи на кои долго чекавте. Имајте предвид дека доаѓа до позитивен тренд на сите полиња, уживајте во тоа.

На полето на љубовта, ако сте во врска или имате семејство, ќе се чувствувате како да морате да направите важен чекор напред. Ако не сте во врска, ќе почнете иницијатива да комуницирате со една личност која нема да ви делува многу интересно на почеток, но ќе ја гледате како потенцијален долгорочен партнер.

На полето на здравјето, можни се проблеми со варењето.

Лав

На полето на работата, се соочувате со мала енергија и потребен ви е краток одмор по секоја цена. Но, доаѓаат поголеми обврски со кои ќе морате да се носите и да најдете начин сè да постигнете. Ќе имате многу идеи, а можен е и почеток на соработка и здружување на капитал.

Ако работите со недвижности, бидете внимателни во однос на проценките.

На полето на љубовта, без оглед на тоа дали сте во врска или не, имате потреба за дополнителни задоволства. Но, бидете внимателни да не се впуштате во тајни врски, кои сепак нема да бидат толку тајни колку што мислите.

Пробајте да не ја лечите својата емоционална збунетост со агресивна комуникација бидејќи тоа може дополнително да ве исцрпи. Избегнете ги сериозните разговори и сè што може да предизвика недоразбирање, овој период.

На полето на здравјето, можни се болки во грлото.

Девица

На полето на работата, пред вас се промени кои можат негативно да влијаат на сите сегменти од вашето живеење. Мора да дојде до реорганизација на вашите финансии, тоа е неопходно овој период.

Ако очекувате помош од страна, сигурно ќе се разочарате така што заборавете на тоа. Стратегијата градете ја исклучиво на своите лични капацитети и нека не ве понесуваат туѓите убедувања бидејќи така ќе сфатите дека сте биле во заблуда.

Исто така, избегнувајте позајмици и други видови задолжувања.

На полето на љубовта, чувствувате потреба за промена. Ова е време за нови нешта. Луѓето кои ќе ги сретнете овој месец ќе бидат причина за инспирација, а некој од нив е и сродната душа која долго ја чекате.

На полето на здравјето, можни се несоници.

Вага

На полето на работата, моменталната фаза не е лоша, но вие чувствувате некакво незадоволство од кое не можете да побегнете. Затоа, подобро ќе биде да се потрудите да најдете мир и задоволство во работите кои не се поврзани со вашиот професионален живот.

Посветете се на работата, не се плашете од грешки и не губете време на луѓе кои не знаат што сакаат.

На полето на љубовта, можни се мали разочарувања особено ако сте во врска. Саканата личност не е во можност да ги исполни вашите ветувања. Ова е причина поради која ќе се чувствувате предадено, но потрудете се да останете смирени.

На полето на здравјето, можни се алергии.

Шкорпија

На полето на работата, ќе бидете посветени и самоуверени и тоа ќе ви дојде добро. Можно е во работата да ви се мешаат луѓе од вашето блиско окружување, но потрудете се да не го дозволувате тоа. Сепак, имајте предвид дека не станува збор за лоша намера, туку за лоши проценки на луѓето околу вас.

На полето на љубовта, ѕвездите не ви се премногу наклонети, бидејќи сте претерано самоуверени и оставате лош впечаток. Исто така, од вас се очекува поддршка за која нема да можете да ја исполните, а тоа ќе донесе до комплицирање на вашиот однос.

Од една страна сте целосно насочени кон саканата личност, но од друга делувате како ништо да не слушате и разбирате.

На полето на здравјето, можни се настинки.

Стрелец

На полето на работата, време е за реализација на важни проекти кои долго ги чекавте. Што и да посакувате, ќе биде исполнето овој период. Бидете љубопитни, направете чекор напред и не се двоумете.

Само напред!

На полето на љубовта, имате потреба да бидете сакани. Ако запознаете некоја личност, не дозволувајте да ве излаже изгледот, туку дозволете да ја запознаете прво пред да носите заклучоци. За оние кои се во врска, работите се такви какви што се, не анализирајте премногу туку потрудете се само да уживате во љубовта.

На полето на здравјето, можни се болки во грбот и кичмата.

Јарец

На полето на работата, ве очекува сериозна работа и пад на енергијата. За некои Јарци доаѓа до големи одлуки, но само ако побарате поддршка од друга личност. Некои колеги ќе ви дадат безрезервна поддршка и ќе ви покажат дека се тука за вас во сите важни моменти.

На полето на љубовта, стабилноста може да биде нарушена со минлива болест на некоја блиска личност или некој кој ви е важен или зависи од вас.

Ќе треба да помогнете, но тоа носи промена на љубовните планови. Крајот на овој период, може да ви донесе важна одлука во однос на партнерските односи. Што и да се случи, важно е да знаете дека секој план кој ќе го направите ќе биде нарушен.

На полето на здравјето, ќе ве мачи нервоза.

Водолија

На полето на работата, време е полека да се одморите од негативните аспекти кои ве мачеа во изминатиот период. Ќе ви биде потребно време да ги измерите своите постигнувања и успешни резултати, бидејќи ќе ве мачи меланхолија и исцрпеност. Сепак, бидете внимателни – можно е некој да ве обвини за грешка за која не сте ни малку виновни.

На полето на љубовта, ќе се чувствувате осамено без оглед на тоа дали сте во врска или не. Можно е да мислите дека никој не ве разбира и да се оддалечите од другите. Ако сте во врска, може да дојде до пад на комуникацијата и сериозно повлекување од саканата личност. Потрудете се да најдете време и енергија искрено да поразговарате со саканата личност.

На полето на здравјето, можни се проблеми со видот.

Риби

На полето на работата, станувате магнет за колегите кои ќе ви се доверуваат за секакви проблеми. Доаѓа до сериозно подобрување на соработката и тимската работа така што навистина ќе го засакате своето работно место.

Можно е преку анализа да дојдете до важни заклучоци за вашиот професионален живот. Имајте на ум дека овој месец ви е особено поволен, но и многу важен за тоа што доаѓа во текот на есента.

На полето на љубовта, не сакате авантури, но овие денови ќе посакате да се опуштите. Идеалното решение за вас е сепак некаде на средина. Најубавите моменти ќе ги доживеете со некој кој го знаете подолго време.

На полето на здравјето, треба да се чувате од инфекции.

Коронавирус