среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 112
home Хороскоп

Владеење на Девиците: Три знаци ќе се соочат со највеќе предизвици

Владеење на Девиците: Три знаци ќе се соочат со највеќе предизвици

Многу од знаците ќе се мачат со перфекционизам и желба за подобра организација. Ќе воспоставите секојдневна рутина и ритуали, а по турбулентното владеење на Лавот, ќе влезете во период на монотонија и долгорочно планирање.

Лавот е дете во душа, но Девиците не сакаат игри, ризици и премногу забава. Додека во периодот на Лавовите сонувавме и исполнувавме желби за себе, овој период ни носи самокритичност и разгледување на промените.

Три знаци ќе се соочат со најголеми предизвици овој период.

Близнаци –  ред, работа и дисциплина

Станувате самокритични и повеќе од што е пожелно. Сонцето е во вашата четврта куќа која ги симболизира куќата и домот, па во натамошниот период ќе поминете повеќе време со своите блиски.

Овој период ќе се плашите како другите ќе реагираат на вашите одлуки, ситуации и однесување. Но, без оглед на сè, важно е да останете свои.

Вага – скептични и песимистични

За време на владеењето на Девиците, Вагите се трудат да направат сè да е совршено, но губат сигурност во себе и не веруваат дека можен е позитивен исход. Ќе станете критички настроени и кон своите одлуки, но и навики.

Сонцето ќе се наоѓа во вашата 12 куќа, односно куќата на кармите и соништата, а тоа значи зголемено чувство на вина. Потрудете се да се ослободите од стресот и одморајте повеќе.

Водолија – проблеми на седмо небо

Драги Водолии, ништо на овој свет не е совршено, а во тоа се крие  и убавината. Ќе имате чувство дека другите се поуспешни од вас. Сонцето ќе се наоѓа во вашата 8ма куќа на секс, моќ и трансформација.

Тоа значи дека поради недостатокот на самодоверба ќе ја изгубите вербата во себе и искрената љубов. Ќе имате ризичен однос со партнерот, а вашата врска ќе се соочи со проблеми. Не очајувајте, само намалете ја негативноста и отворете ја душата. Искреноста ќе ви се исплати.

Коронавирус