недела, 26. септември 2021. Вести денес: 59
home Хороскоп

Викенд хороскоп: Промени во љубовта за Близнаците, професионални успеси за Водолиите

Викенд хороскоп:  Промени во љубовта за Близнаците, професионални успеси за Водолиите

Што ни носи хороскопот овој викенд?

Овен

Овој викенд, ја имаме Месечината во Шкорпија која носи силна енергија во вашата осма куќа, а тригонот со романтичниот Нептун создава одлична атмосфера за љубовни моменти и интимност. Во недела ве очекува одлична забава и социјализација со другите бидејќи Сонцето ја осветлува вашата деветта куќа на авантури. Уживајте во своите омилени активности или пробајте нешто што не сте го направиле досега.

Бик

Вашата владејачка планета Венера престојува во моќната Шкорпија активирајќи ја вашата седма куќа на партнерства и ставајќи ве во центарот на вниманието. Подгответе се за лудо возење. Месечината во Стрелец во недела зрачи со позитивна енергија на интимност и поврзаност, овозможувајќи да ги решите сите потешкотии со кои се соочивте во изминатиот период.

Близнаци

Месечината во Шкорпија и Венера настапуваат во вашата песта куќа на здравје, добросостојба, љубов кон себеси и секојдневни навики. Наместо да се борите со тоа, ова е период кога можете да креирате нешто добро за себеси. Универзумот ви носи неочекувани подароци, а во недела, Месечината во Стрелец ја осветлува вашата седма куќа на партнерства и ви носи убави промени.

Рак

Месечината и Венера во петок се вселуваат во Шкорпија во вашата петта куќа на страст и креативност. Која е личноста на која посакувате да и го подарите срцето? Како да ја подобрите интимноста во својот љубовен однос? Фокусирајте се на овие прашања бидејќи тоа ќе ви донесе увид во себеси и во односите со другите. Во недела, Месечината е во Стрелец и ја осветлува вашата шеста куќа посветена на грижата на себеси. Добро би ви дошло опуштање во када или масажа.

Лав

Астролозите ве предупредуваат бидејќи Месечината и Венера во Шкорпија влегуваат во вашата четврта куќа на семејството, носејќи ви бура. Можно е да ги изгубите нервите и контролата и да дојде до конфликт со блиска личност од вашето семејство. Не дозволувајте работите да ескалираат и најдете начин да ги смирите страстите. Сето ова ќе помине. Месечината во Стрелец во недела доаѓа во вашата петта куќа на креативност и ве ослободува од драмата.

Девица

Во петок, интензивната Месечина во Шкорпија и Венера ја активираат вашата трета куќа повикувајќи ве да ги набљудувате и анализирате своите одлуки и односи, давајќи ви можност да видите што станувате. Радосната Месечина во Стрелец во недела ја осветлува вашата куќа поврзана со домот. Бидете креативни и фокусирајте се на домот.

Вага

Вашата владејачка планета Венера и се придружува на Месечината во петок, влегувајќи во Шкорпија во вашата втора куќа на просперитетот. Ова е идеална можност да се фокусирате на своите финансии и своите основни вредности, трудејќи се да поставите баланс меѓу нив. Месечината во Стрелец во недела ја менува енергијата и навлегува во вашата трета куќа на врски и комуникација, инсистирајќи да блеснете во своето најдобро светло.

Шкорпија

Венера и Месечината се во вашиот знак во петок, активирајќи ја вашата прва куќа и осветлувајќи ја вашата лична моќ и харизма, давајќи ви можност да размислите за сите свои планови, постапки и чувства. Месечината во Стрелец во недела силно блеска во вашата втора куќа на просперитет, осветлувајќи го вашиот однос со парите, како и вашите лични финансии.

Стрелец

Месечината и Венера во Шкорпија во петок се вселуваат во вашата дванаесетта куќа на соништа и потсвест, повикувајќи ве да обрнете поголемо влијание на суптилните информации кои ги добивате давајќи ви и увид во вашата свест. Месечината во недела настапува во вашиот знак осветлувајќи ја вашата прва куќа на вашата личност, а тоа ви открива нови патишта и можности.

Јарец

Месечината и Венера во Шкорпија во петок пристигнуваат во вашата единаесетта куќа на пријателство и хуманитарна работа, нудејќи ви можност да го прегледате својот друштвен живот, како и односите со светот во целината. Пуштете да бидете нова верзија од себеси. Месечината преминува во недела во Стрелец осветлувајќи ја вашата куќа на промени и соништа и ја засилува вашата свест.

Водолија

Месечината во Венера влегува во Шкорпија и ја активира вашата десетта куќа на кариера, успех и постигнувања. Брзо ќе забележите каков успех постигнувате на професионално поле и ќе бидете мотивирани да направите големи промени. Во недела, Месечината преминува во позитивниот Стрелец, активирајќи ја вашата единаесетта куќа на пријателства и друштвени собирања.

Риби

Во петок се активира вашата деветта куќа на умот, патувањата и авантурите. Ова е идеален период за кратки патувања или нови активности. Во недела, Месечината во Стрелец ја осветлува вашата десетта куќа на кариера и достигнувања, па подгответе се да бидете препознаени по своите потфати.

Коронавирус