недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Хороскоп

Викенд хороскоп: Доаѓа романса за еден од хороскопските знаци

Викенд хороскоп: Доаѓа романса за еден од хороскопските знаци

Викендот е пред нас, искористете го максимално.

Овен

Се насобираат вашите обврски поврзани со работа и имате впечаток дека нема да успеете да се изборите со нив. Не очекувате помош од никого, но можеби треба да ја побарате. Само, не помислувајте на прекувремена работа викендов. Прво одморете, а потоа размислувајте.

Бик

Насочете го своето внимание на убавите мигови кои ве очекуваат овој викенд и не се оптоварувајте со негативните работи на кои не можете да влијаете.

Близнаци

И замерувате на саканата личност и се расправате без потреба, не се оптоварувајте толку со мали нешта. Не може да биде како што сте замислиле.

Рак

Имате нереални очекувања кога станува збор за љубовта. Никој не може да ги исполни вашите критериуми.

Лав

Ќе сретнете стара симпатија и тоа ќе ве направи среќни. Сепак, морате да сфатите дека луѓето се менуваат и ќе се чувствувате како да запознавате сосема нова личност. За вас е време за нова љубов, а не навраќање на старите работи.

Девица

Вашиот партнер точно знае што сака да постигне, но вие постојано откажувате и се премислувате. Тоа влијае на вашата врска, потрудете се да избалансирате меѓу 2 крајности.

Вага

Можни се изненадувања. Ако нешто не пробате, нема да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни, пробајте да се орасположите.

Шкорпија

Доживувате големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си време да застанете на нозе, не форсирајте нешто што нема иднина.

Стрелец

Успевате да освоите нечии симпатии, но не дозволувате да се опуштите пред таа личност. Потрудете се работите да бидат поинакви овој викенд.

Јарец

Ќе сретнете стара симпатија и ќе ви се укаже можност да продолжите од таму каде што сте застанале. Романсата повторно чука на ваша врата.

Водолија

Некој ви упатува љубовна порака и директно ви дава до знаење што мисли или чувствува. Вие сте неодлучни.

Риби

Љубоморни сте и мислите дека партнерот нешто крие од вас. Не донесувајте нагли одлуки и решете го проблемот со разговор. Исто така, време е добро да се одморите.