Овен
Ќе чувствувате многу енергија во себе, па нема да ви биде проблем секој ден да се забавувате. Тоа и не е така лошо, но внимавајте, не запоставувајте го партнерот и неговите потреби.
Бик
Средбата со вашиот поранешен партнер ќе направи да посакате да се вратите во минатото, но наместо тоа, почнете да гледате во иднината, можеби ве очекува нешто интересно.
Близнаци
Овој викен ве очекува фаза на патување низ вашата совест. Не оптеретувајте се премногу, наместо тоа фокусирајте се на она што ве очекува во иднината. Пријателите може да ви доделат некој совет, но, вие нема да го прифатите бидејќи ќе бидете премногу горди.
Рак
Во деновите кои ви претстојат можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Не сте во врска? Оваа недела ќе ви биде полн погодок!
Лав
Ова е викендот во која желбата за патување и запознавање на различни култури ќе ја сфатите сериозно и ќе отпатувате некаде. Не мешајте го партнерот во вашите проблеми, едноставно кажете му колку ви значи.
Девица
Посветете повеќе внимание на блиските пријатели, бидејќи тие се секогаш тука за вас. Шармот кој го поседувате сѐ повеќе луѓе ќе го приметуваат и тоа ќе биде пресудно за пронаоѓање на нова љубовна романса, или пак за разгорување на старата страст.
Вага
Престанете да се оптеретувате со тоа што мислат другите за вашите постапки. Правете го она што мислите дека е исправно и слушајте го вашето срце. Ќе потрошите многу пари средувајќи го вашиот дом, но така барем ќе се чувствувате удобно дома.
Шкорпија
Викендов ќе добиете неколку покани за ззабави, но, повеќе ќе сакате да останете дома и да се посветите на семејството и секако на вашиот партнер. А за оние кои се сингл, не одбивајте ги поканите, можеби ве очекува некое изненадување.
Стрелец
Иновативноста, како и другите таленти кои ги поседувате ќе ви донесат нови привилегии во животот. Останете позитивни, бидејќи ве очекуваат престврти за кои не ни помислувате.
Јарец
Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе допринесе да се чувствувате поенергично. Во сабота, партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посвета на него.
Водолија
Овој викенд искористете го за одмор и направете баланс помеѓу пријателите и партнерот. Една вечер излезете, а една вечер и поминете со партнерот во опуштена атмосфера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.
Риби
Иако луѓето во знакот на oвен се познати по своето шесто сетило, сепак може овој викен да бидете во ситуации кајшто ќе се двоумите за многу работи. Затоа, повикајте ги пријателите и раскажете им што ви се случува. Еден добар разговор може да реши сѐ.