понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 59
home Хороскоп

Важен состанок за Близнаците, Лавот ќе ужива во романтика

Важен состанок за Близнаците, Лавот ќе ужива во романтика

ОВЕН

Немојте да ризикувате ниту на едно поле денеска затоа што може да останете оштетени. Особено избегнувајте големи вложувања. Очекувајте интересни случувата со личност која ја познавате од порано. Чувствителни ви се очите.

БИК

Ве очекува поволен ден за соработка со личност која е родена во знакот Лав. Заедно доаѓате до успех. Можно е да не сте сигурни дали сакате да останете во врската во која сте моментално. Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува важен состанок на кој на некој начин ќе се одлучува околу вашата иднина. Можно е да ви се допаѓа некоја помлада личност. Ќе пробате да и ставите до знаење дека сакате врска. Добро се чувствувате.

РАК

Можно е да имате некои неразјаснети ситуации на работното поле. Сега е време да се посветите околу тоа. Сте имале големи очекувања и сте останале разочарани. Не треба да верувате на погрешни луѓе. Проблеми со штитната жлезда.

ЛАВ

Во текот на денешниот ден се зависи од вас. Вашите одлуки сега се клучни за расплет на работната ситуација пред вас. Може да се надевате на убави случувања со личноста која ја сакате. Уживате во романтика. Вртоглавица е можна.

ДЕВИЦА

Не е претерано поволен ден за нови случувања кога е во прашање работата. Потрудете се да завршите некои стари обврски. Ве очекува средба со личност која за вас е посебна и со која сакате повеќе. Проблеми со несоница.

ВАГА

Не сте сигурни во одлуката која сте ја донеле и почнувате да разгледувате и други опции. Работната ситуација ви е некако недифинирана. Некоја личност која неодамна сте ја запознале, упорно пробува да ви се приближи. Хронични проблеми.

ШКОРПИЈА

Ве очекува многу важен ден за работното поле. Потрудете се да избегнете правење на било какви грешки. Саканата личност ви замерува. Почнува период во кој караниците ќе станат се почести. Вкочанети сте.

СТРЕЛЕЦ

Се подготвуваат промени во вашиот колектив, а вие не сте сигурни како ќе се одрази на вашето работно место.Вашиот ладен став кон партнерот наскоро ќе доведе до распат на заедницата. Кичмата и грбот ви се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Доколку сте се надевале на некоја нова соработка, ќе бидете задоволни од исходот на денешниот ден. Засега не сте заинтересирани за сериозна врска. Авантура ви е пореална варијанта. Генерално добро.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува подобрување на финансиите денеска. Пред вас е позитивен ден и кога е во прашање работата. Имате потреба да ја завршите врската која некое време се развлекува. Сте виделе и сами дека таа приказна не води никаде. Избегнувајте ги пороците.

РИБИ

Поволен ден за некоја нова работа. Доколку барате работно место, денеска е вашиот среќен ден! Ве очекува почеток на врска која би можела да трае на долги патеки во иднина. Добро се чувствувате.

Коронавирус