четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 66
home Хороскоп

Вагата во брачна криза, Јарецот не е подготвен за врска

Вагата во брачна криза, Јарецот не е подготвен за врска

ОВЕН

Проблемите кои ве мачат, нема да успеете да ги решите без ничија помош. Посветете се на работата темелно и одговорно. Една личност која ви значи на необичен начин ќе ги покаже своите чувства. Се чувствувате добро.

БИК

Успех многу скоро е пред вас. Очекувајте позитивни работни околности. Сте одлучиле да ставите точка на врската од минатото и максимално да се посветите на новите познанства. Ќе ви годи масажа.

БЛИЗНАЦИ

Денеска ќе имате некои мали промени кои на долги патеки ќе може добро да се одразат на вашето поле на работа. Ќе ви треба доста време да донесете конечна одлука во љубовта. Чувствителни колена.

РАК

Денешниот ден ви е добро поставен. Може да очекувате период кои ви носи работна стабилизација. Лошите искуства ве научиле да бидете помудри во љубовта. Понекогаш е добро да тактизирате. Добро сте расположени.

ЛАВ

Не дозволувајте себе си да се впуштите во било какви ризици. Ви значи да остварите сигурност на ова поле. Можно е да стапите во контакт со личноста која ќе покаже дека е подготвена за врска со вас. Добро здравје.

ДЕВИЦА

Бидете внимателни со новите вложувања. Денешниот ден ви е поволен. Можно е да успеете да ја остварите својата желба и да ја освоите личноста која ви значи. Внесувајте повеќе магнезиум и калциум.

ВАГА

Ве чека тежок ден кога е во прашање работата. Ќе имате доста обврски кои ќе ви претставуваат притисок. Тешко ви е да се соочите со потешкотиите кои ги имате на љубовното поле. Бракот ви влегува во криза. Проблеми со главоболка.

ШКОРПИЈА

Факторот среќа е на ваша страна, што доста ви ја олеснува ситуацијата на полето работа сега. Ако сте во врска, ве очекува поволен ден со саканата личност со која разменувате искрени чувства и нежности. Советувајте се со лекар.

СТРЕЛЕЦ

Не сте во ситуација сосема да се сконцентрирате на вашата работа. Не ви е лесно да ги решите сите проблеми кои ги имате. Заедно со саканата личност доаѓате до прилика вашата врска да ја подигнете на едно повисоко ниво. Тегоби околу крвотокот.

ЈАРЕЦ

Пред вас е период во кој ќе имате работни проблеми предизвикани поради ваши лични грешки. Не ви се допаѓа личност која упорно ви се додворува. Не сте подготвени за нова врска сега. Проблеми со бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Денеска ќе имате нешто повеќе обврски од што сте очекувале, па тоа може да ве оптоварува на некој начин. Очекувајте поволен ден за флерт. Ќе имате нови контакти кои за вас ќе бидат значајни. Пад на имунитетот.

РИБИ

Слободно опуштете се денеска. Време е да се посветите на приватниот живот, а не само на работата. Ќе запознаете личност која ќе ви разбуди силни чувства. Очекувајте добри промени. Проблеми со притисокот.

Коронавирус