петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 62
home Хороскоп

Вагата шармира во полн сјај, нестабилност во бракот кај Ракот

Вагата шармира во полн сјај, нестабилност во бракот кај Ракот

ОВЕН

Не сте расположени поради нестабилната финансиска ситуација. Размислувате за земање кредит или позајмица. Ако сте слободни, не работите ништо по прашањето за промена на статусот. Внимавајте на главата.

БИК

Сте го споиле корисното и убавото. Расположени сте за комуникација, и обврските не ви паѓаат тешко. Со колешка необврзано флертувате и уживате во опуштена атмосфера. Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работата не ви оди од рака. Работните планови кои со многу жар сте ги планирале, паѓаат во вода. Неопходна ви е поддршка на партнерот, па слободното време го минувате со неа. Наклонети сте кон промена на расположението.

РАК

Упорни сте, самоуверени и амбициозни. Успевате да ги одработите сите работи до крај, на изненадување на колегите. Ситуацијата во бракот е нестабилна. Имате впечаток дека односот стагнира долг временски период. Се чувствувате мрзеливо.

ЛАВ

Плановите врзани за соработка со странци не се одвиваат онака како што вие сакате, но не се откажувате од својот план. Брачниот партнер е нерасположен, па му нудите помош и поддршка. Проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Брзате да ги одработите што порано работните обврски. Во тоа брзање правите мали грешки, кои подоцна ги исправате. Емотивната сфера ви е приоритет. Во контакт сте со личност која и натаму ја анализирате. Грлото е чувствително.

ВАГА

Вашиот шарм и интелигенција се во полн сјај и носат резултати. Понудате која сте ја испратиле на странците е прифатена. Потребно ви е внимание од партнерот, а тој ви го пружа. Одлично здравје.

ШКОРПИЈА

Одамна сте незадоволни со ситуацијата на работа, но денеска надредена личност искажува неодобрување поради лошите резултати. Емотивно сте исполнети. Партнерот ве поддржува. Чувајте ги синусите.

СТРЕЛЕЦ

Амбициозни сте и успешни. Ви годи тоа што колегите и надредените го приметуваат и го почитуваат тоа залагање. Емотивно сте исполнети. Партнерот одлично ве познава и знае кога што ви треба. Сосема солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Ви годат пофалните зборови од страна на колегите и надредените. Тоа ви дава поттик да бидете уште подобро. Ве чека разговор со брачниот партнер. Тој има впечаток дека ја запоставувате фамилијата на сметка на работата. Минлива главоболка.

ВОДОЛИЈА

Ситуацијата е опуштена, па одлучувате да се посветите на обврските кои сте ги тргале на страна. Уживате во комуникацијата со партнерот. Неговиот поглед на многу работи ви отвора нови видици. Солидно здравје.

РИБИ

Добро се снаоѓате во комуникацијата со новите соработници. Слободното време го минувате со партнерот во опуштена атмосфера. Тоа е она што најмногу ви треба. Стабилно здравје.

Коронавирус