среда, 12. август 2020. Вести денес: 181
home Хороскоп

Вагата не сака да ги покаже чувствата, Водолијата да спортува

Вагата не сака да ги покаже чувствата, Водолијата да спортува

ОВЕН

Периодот кој ви доаѓа е прикажан како на некој начин неповолен за ова поле. Ќе имате нови грижи. Денеска на саканата личност ќе и ја покажете својата посветеност кон неа. Задоволни сте од односот. Одлично здравје.

БИК

Денеска се чувствувате лошо во работното опкружување и не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Со саканата личност имате добра ситуација, среќни сте и исполнети. Пред вас е добар ден за љубов. Проблеми со крвната слика.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате дека ќе имате мирен ден без големи проблеми. Задоволни сте затоа што имате стабилност. Денот пред вас ќе биде опуштен во односот со саканата личност која ви е приврзана. Солидно здравје.

РАК

Размислувате за нова работа и нови проекти во кои вашата креативност би можела да се активира дополнително. Очекувајте поволен период за сериозни љубовни одлуки во односот со саканата личност. Внимавајте што јадете.

ЛАВ

На обврските се посветувате максимално и подготвени сте својата енергија и време да ги вложите во работа. Во периодот кој доаѓа ве очекуваат мали кочници на љубовното поле. Главоболка.

ДЕВИЦА

Ве очекува ден кој ви носи нова прилика која треба да ја искористите. Размислувајте повеќе околу чувствата кои вашиот партнер ги покажува кон вас. Можно е погрешно да ги разбирате сигналите. Проверете ја ситуацијата со хормоните.

ВАГА

Пред вас е период кој носи работни предизвици кои би можеле да ви бидат проблематични. Не сакате сосема отворено да ги покажете своите чувства затоа што се плашите од одбивање. Можна е вртоглавица.

ШКОРПИЈА

Работното опкружување е против некои ваши идеи и тоа вам не ви се допаѓа. Планирате некои промени. Вашиот однос со саканата личност може да биде со осцилации. Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Пречките кои денеска ви се јавуваат на работа, може да бидат тешки. Подгответе се за големи компликации. Важно е да верувате во себе и во своите квалитети, и ќе најдете среќа во љубовта. Очекувајте добро здравје.

ЈАРЕЦ

Конфликтите во кои влегувате ви создаваат голема нервоза. Не сте задоволни од своето работно место. Во односот со партнерот ве очекуваат доста пресврти и поради тоа се чувствувате несигурно. Хронични проблеми.

ВОДОЛИЈА

Задоволни сте од расплетот на случувањата на работното поле. Може да очекувате поволен ден. Иако лесно ги покажувате своите чувства кон партнерот, не сте подготвени да одите чекор понатаму. Спортувајте.

РИБИ

Денешниот ден е поволен за работа, па може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите своите цели. Во вашата врска со саканата личност ги решавате проблемите и недоразбирањата, затоа што сте подготвени да попуштите. Чувајте ги бубрезите.

Коронавирус