сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 93
home Хороскоп

Успех во работата, новитети во љубовта или проблеми со здравјето: Ова е вашиот дневен хороскоп

Успех во работата, новитети во љубовта или проблеми со здравјето: Ова е вашиот дневен хороскоп

Ова е вашиот дневен хороскоп за 5-ти мај.

ОВЕН

Работа: Можно е да имате шанса да ја разјасните ситуацијата која во одредена смисла ви претставувала проблем на ова поле.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност не е онаква каква што сте посакувале.

Здравје: Можна е кашлица.

БИК

Работа: Можно е во текот на денешниот ден да доживеете разочарување на ова поле, но подоцна ситуацијата се поправи.

Љубов: Можно е да немате шанса на саканата личност да и покажете што искрено мислите.

Здравје: Поволен ден за почеток на диета.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не е поволен ден за смена на работата. Засега воздржете се од некои големи планови на ова поле.

Љубов: Со партнерот можно е да немате добра комуникација, и многу лесно ќе доаѓате во конфликти.

Здравје: Проблеми со реума.

РАК

Работа: Можно е да пробувате да остварите некој напредок на ова поле, но денеска многу работи се против вас.

Љубов: Очекувајте средба со личност кон која веќе долго време имате чувства.

Здравје: Избегнувајте цигари.

ЛАВ

Работа: Ве очекуваат некои мали несогласувања во работното опкружување, но ако покажете доволно дипломатија, се ќе успеете да решите.

Љубов: Делувате прилично ладно во комуникацијата со партнерот.

Здравје: Сосема добро.

ДЕВИЦА

Работа: Не е поволен ден за суд или решавање на формални проблеми. Можно е да имате некакви компликации.

Љубов: Многу сте заљубени и кон саканата личност убаво се однесувате, сакате да ја направите среќна.

Здравје: Одлично.

ВАГА

Работа: Можно е во некои работи премногу се потпирате на други луѓе, а премалку на себе и на својот инстикт.

Љубов: Пред вас е период на промени. Можно е да дојде до пресврт каков што не сте очекувале.

Здравје: Проблеми со бешиката.

ШКОРПИЈА

Работа: Не е претерано поволен ден. Избегнувајте ризици, нови вложувања или било какви важни разговори.

Љубов: Ќе ви треба некое време сосема да се стабилизирате со саканата личност после сите проблеми.

Здравје: Водете сметка околу синусите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ќе имате напорен ден и голем број на обврски со кои нема така лесно да излезете на крај.

Љубов: Стабилна ситауција на ова поле и тоа ве радува. Уживате кога сте покрај саканата личност, и убаво ви е.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ

Работа: Во текот на денешниот ден ако работите, ќе правите мали грешки и другите ќе ви замеруваат.

Љубов: Од начинот на кој ќе се поставите зависи развојот на односот со таа личност.

Здравје: Мали проблеми со срцето.

ВОДОЛИЈА

Работа: Денеска можеби ќе имате пресврти кои ќе ве изненадат и ќе ви донесат одредена загуба.

Љубов: Потрудете се да покажете на саканата личност да сте подготвени да се менувате и прилагодувате.

Здравје: Проблеми со варење на храната.

РИБИ

Работа: Лесно можете да остварите несогласување со работниот партнер. Немојте денеска да потпишувате важни документи.

Љубов: Очекувајте интересен флерт со личност која долго после тоа ќе ви остане во мислите.

Здравје: Проблеми со кашлица.

Коронавирус