петок, 21. септември 2018. Вести денес: 111
home Хороскоп

Tрите најемотивни хороскопски знаци: Овие мажи тешко ја забораваат поранешната љубов

Tрите најемотивни хороскопски знаци: Овие мажи тешко ја забораваат поранешната љубов
Pensive Businessman

Додека некои луѓе со радост гледаат кон иднината и се концентрираат исклучиво на сегашноста, други не можат толку лесно да го заборават минатото. Мажите родени во овие три знака тешко ја преболуваат поранешната врска и цел живот не можат да ги исфрлат бившите од глава.

Рак
За мажите родени во знакот Рак, разделбите се вистинска ноќна мора и многу тешко можат да се ослободат од сенката на поранешните врски. Тие многу се вложуваат во врската и сонуваат засекогаш да бидат со својата љубов. Копнеат по сигурност, па затоа тешко им е да излезат од врска со некого. Нивната сензибилна и романтична душа ги тера да ја идеализираат својата прва љубов.

Лав
Мажите родени во знакот Лав не го подаруваат лесно своето срце. Но кога ќе се вљубат во некого, подготвени се да направат апсолутно сѐ за својата партнерка и веднаш сакаат да го поминат целиот живот со неа. По раскинувањето, многу тешко прифаќаат дека ништо веќе нема да биде како порано. Од страв повторно да не бидат повредени, многу внимателно влегуваат во нови врски и често сонуваат за старите добри времиња со поранешната девојка.

Стрелец
Врската со слободна душа каква што е Стрелецот не е воопшто едноставна. Припадниците на овој знак многу брзо и често се вљубуваат, но и тешко се одлучуваат да започнат цврста врска. Првата голема љубов некако успеала да ги врзе за себе и тоа никогаш нема да го заборават. Таа за него била едноставно совршена (иако и со неа ги имал истите проблеми како и со вас).