сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 34
home Хороскоп

Три знаци кои ќе доживеат промени поради ретроградниот Меркур

Три знаци кои ќе доживеат промени поради ретроградниот Меркур

Меркур е во ретроградно движење од 8 јули, а доколку сте родени во некој од овие 3 знаци тој ќе има огромно влијание.

Во овој период бидете личност која не се плаши да се соочи со себе и уживајте во работите кои ги сакате. Уживајте во животот.

Овен

Овој месец ќе ви оди прилично добро. Во вашата кариера, личниот живот, социјалните кругови и романтичните авантури. Како и секогаш, така и сега ќе решите да бидете свои, но овој пат повеќе од било кога.

Ќе бидете поблиску до целите одошто мислите. Вашата енергија е жива и брза, па така ќе ја преземете предноста. Сега е време да инвестирате во себе и својата иднина, можеби тоа е купување стан или нов автомобил, одење на јога или вашиот омилен тренинг. Не пробувајте премногу да се објаснувате и да ги убедувате другите во тоа што го правите, само направете тивки чекори и одете напред смело.

Близнаци

Ова се бурни месеци за Близнаците, но на тоа доаѓа крај. Сега е време да направите корекции, да бидете директни во комуникацијата и да си простите и себеси и на другите. За да дојдете до доброто, морате да се симнете од својот престол и да погледнете околу себе. Исто така, избегнувајте дволични пријатели и оние кои не ви годат, избегнувајте и бивши партнери, но и сексуални односи до 1 август. Пронајдете го балансот за да ја пронајдете среќата.

Стрелец

Проблеми со патувања, комуникација, култура и нови врски доаѓаат овој период. Сепак, ова е совршено време да научите важни лекции за себе и правење планови кои ќе бидат ефективни кога Меркур ќе се врати во својата положба.

Канализирајте ја својата енергија, искористете го слободното време за драги луѓе. Правете работи кои ќе направат да се чувствувате добро.