недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Три најсилни жени меѓу хороскопските знаци кои никогаш не се предаваат

Три најсилни жени меѓу хороскопските знаци кои никогаш не се предаваат

Се прашувате кои се трите хороскопски знаци кои се надарени со голема сила и издржливост?

Вага

Да почнеме со неа, Вагата. Жената Вага насекаде го бара балансот, и во себе, и во меѓучовечките односи. Таа е ведра и искрена жена, способна да се справи со секоја ситуациите и излегува како победник особено поради добрата доза на рационалност. Таа речиси никогаш не кажува лаги и природно е насочена кон потрагата по вистината. Но, Вагата е, исто така, тврдоглав знак и има тенденција да се изолира од токсични луѓе. Трпението е голем сојузник на овој знак. Но, Вагата знае кога да стави точка – кога ситуацијата станува штетна за нејзината рамнотежа – пред да ја стави точката, издржува дури и повеќе од што мора. Сепак, кога таа точка ќе биде ставена, нема повеќе назад. Себеси знае како да си прости, но не и на оние кои и донеле неправда. Жената Вага најдобро знае како да се соочи со сопствените стравови и да ги надмине.

Бик

Жената Бик има голема глава и големо срце. Двете главни карактеристики на овој знак, особено кога станува збор за жена, се тврдоглавоста и контролата на емоциите. Оваа комбинација и помага да управуваат со сите тешки ситуации, и на личен и на деловен план.  Жената Бик не толерира ароганција, а камоли да ја третирате како да не ја забележувате во тоа што го прави за вас. Најдобро од сите хороскопски знаци знае како да ја зачува независноста и автономијата, но не планира да се откаже од социјализација. Таа не е ладна жена, иако остава таков впечаток, напротив, кога таа е опуштена, има многу да им понуди на оние околу неа. Нејзината одговорна и контролирана природа се клучните елементи кои ја прават исклучително силна. Нема да му прости на оној кој ќе ја повреди. Кога ќе „падне“ таа е вистински феникс – ќе полета од пепелта.

Јарец

На крајот, жената родена под знакот на Јарец. Културна е и елегантна. Сè што го поттикнува интелектот и го стимулира срцето, неа ќе и се допадне. Јарецот е многу самокритичен знак и секогаш е во потрага по совршенство и по личен напредок. Јарецот, во својата женска верзија, е знак кои цврсто стои на нозе на теренот: знае што ја опкружува и токму тоа го користи како алатка за комуникација и анализа за себе, како и за предвидување на тоа што следува. Се опкружува со пријатели кои се силни приближно како неа, секогаш бара квалитет пред количина. Иако остава впечаток на бездушна хорина, во суштина е грижлива, емотивна и страствена жена: дише со срце.

 

Коронавирус