сабота, 28. март 2020. Вести денес: 92
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Три хороскопски знаци кои треба да внимаваат до 10 март

Три хороскопски знаци кои треба да внимаваат до 10 март

Ретроградниот Меркур е виновен за многу лоши работи. Ретроградното движење влијае на многу аспекти во животот на една личност – пред се во областа на комуникација, патување и технологија. Ова се случува неколку недели годишно.

Влијанието на ретроградниот Меркур го чувствуваат сите хороскопски знаци, а најмногу погодени ќе бидат следниве знаци:

ОВЕН

Ретроградниот Меркур ги носи на површина сите нерешени односи и проблеми од нашето минато и нè принудува конечно да се соочиме со стравовите и драмата што постојано ги избегнуваме. Токму овој аспект на влијанието на Меркур, најмногу ќе ги погоди овните во првата овогодишна ретроградна фаза. Можеби ќе наидете на луѓе кои ви предизвикуваа болка во минатото, но искористете го ова како можност да се извлечете од опсегот на негативни емоции што ги имате кон тие луѓе.

ДЕВИЦА

Меркур, исто така, им носи проблеми на девиците во областа на меѓучовечките односи. Ако се оддалечивте од некои луѓе, можеби сте направиле добар потег. Во ретроградна фаза, верувајте на вашата интуиција кога станува збор за луѓето во вашиот непосреден круг. Инаку, вие сте многу реални во врска со ова и добро ги цените луѓето, но Меркур може да ја помати вашата способност на рационално размислување за кратко време, затоа не ја игнорирајте интуицијата што ви кажува дека одредени луѓе можеби нема веќе да имаат место во вашиот живот.

ВОДОЛИЈА

Припадниците на овој знак обично се оптимисти, полни со енергија и расположени, но ретроградниот Меркур ќе игра со нивното расположение. Можеби ќе ви донесе неколку непријатни изненадувања, но не дозволувајте разочарувањето да ве победи. Ќе бидете повеќе раздразливи од вообичаеното, склони кон ненадејни промени во расположението, но во тие моменти земете длабок здив и обидете се да го пронајдете позитивното во вас.